Вести
Нов руско-американски воздушен инцидент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4240382.jpg)
Руското министерство за одбрана потврди во саботата дека во петокот испратило борбен авион за да го пресретне американскиот авион кој се приближувал кон руската граница над Балтичкото Море, бидејќи тој го исклучил својот транспордер кој е неопходен за идентификација.
Пентагон во петокот повторно ги обвини руските воздушни сили дека нивен авион ловец од типот „Су-27“ на „опасен и непрофесионален начин“ пресретнал американски авион од типот „RC-135U“, кој наводно летал на рутинска рута во меѓународен простор. Телевизиската мрежа CNN извести дека рускиот ловец, како и во претходните случаи, дошол на оддалеченост од само 30 метри од американскиот и извел „салто“.
Вашингтон предупреди дека ваквите маневри може да доведат до ескалација на напнатоста меѓу САД и Русија, но притоа не прецизира кои маневри ги смета за „опасни“
„Сите летови на руските авиони се изведуваат во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор“, изјави во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува агенцијата ТАСС.,
„Американските воздушни сили имаат две решенија: да не летаат во близина на нашите граници или да ги вклучат транспордерите поради идентификација“, порача Конашенков.
Според него, во руското министерство за одбрана веќе навикнале на обвинувањата за наводните „непрофесионални“ маневри на руските пилоти при пресретнувањето на американските извидувачки и разузнавачки авиони во близина на границите на Русија.
„Сакаме да обратиме внимание на тоа дека извидувачките авиони ‘RC-135U’ секогаш се обидуваат да ѝ се прикрадат на руската граница со исклучен транспоредер и поради тоа воздушните сили мора да испраќаат борбен авион за визуелно да го идентификува типот на авионот и ознаките на него“, додаде Конашенков.
Воениот руски портпарол, исто така, истакна дека „друг разузнавачки авиони од типот ‘Boeing OC-135B’ во рамките на меѓународниот договор за Отворено небо во саботата се приземјил на рускиот аеродром Улан-Уде, и оти во таа прилика не бил испратен авион за негова идентификација“.
Во последниот период зачестени се случаите кога руските борбени авиони ги пресретнуваат американските летала, особено над Балтичко Море и во близина на руските граници.
Последниот ваков инцидент се случи на 21-ви април над брегот на полуостровот Камчатка кога, како што соопшти Пентагон руски ловец „МиГ-31“ пресретнал американски протвиподморнички авион од типот „P-8 Poseidon“. Порталот Washington Free Beacon, ПОВИКУВАЈЌИ СЕ на воени извори, пишуваше дека целта на овој авион „P-8 Poseidon“ била да го шпионира новите руски подморници од проектот „955 Бореј“.
Инцидент во кој повторно беа инволвирани рускиот повеќенаменски борбен авион од типот „Су-27“ на американскиот шпионски авион „RC-135U“ над Балтичкото Море беше регистриран на 14-ти април. Телевизијата CNN тогаш објави дека рускиот авион „Су-27“ наводно го следел американскиот разузнавачки авион „RC-135“ на растојание од само 15 метри.
Неколку дена претходно, пак, Пентагон исто така како „небезбедни“ ги оценија „контактот на руските воздухоплови со американскиот разурнувач „Donald Cook“, исто така во Балтикот. Европската командата на американската армија објави видео од приближувањето на авиони „Су-24“ на „помалку од двете метри“ и хеликоптер „Ка-27“ покрај американскиот разурнувач „USS Donald Cook“ и обвини дека руската страна извела ткн „симулиран напад“ врз американскиот брод. .
Пред дестина дена претставник на Пентагон изјави дека „минатата година повеќепати се случија инциденти кога руски воени авиони премногу блиску им се доближија на (американските) авиони и бродови, што предизвикува сериозна загриженост за безбедноста“ и оти „Ние сме многу загрижени за секое такво однесување“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.