Контакт

Свет

Историчар открил докази дека Истанбул го одобрил ерменскиот геноцид

Објавено пред

Помеѓу 1914 и 1923 година, за време и по Првата светска војна, стотици илјади Ерменци кои живееле во Турција биле системски затворани и убиени. Илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Некои проценки наведуваат дека бројот на загинати изнесува над 1,5 милиони, пренесува „Брејтбарт“.

dobivaj vesti na viber

Сега, новооткриени документи потврдуваат дека ерменскиот геноцид бил и одобрен и поддржан од лидерите на Отоманската Империја во Истанбул.

Фактот дека ерменскиот геноцид се случил е масовно прифатен во академските кругови, но турската Влада продолжува да ја негира вината на своите претходници.

„Ерменската дијаспора се обидува да всади омраза против Турција преку светска кампања со тврдењата за геноцид пред стогодишнината од 1915 година. Ако разгледаме низ што сè помина нашата нација во изминатите 100-150 години, ќе најдеме многу повеќе страдање од она што го доживеаја Ерменците”, рече турскиот претседател Реџеп Ердоган во 2015 година.

Ставот на Ердоган има поддршка од огромно мнозинство на турското население. Како што објави „Њујорк тајмс” во 2015 година, анкетата спроведена од Центарот за студии по економија и надворешна политика, истражувачка организација од Истанбул, помалку од еден од 10 Турци веруваат дека владата треба да ги нарече злосторствата геноцид и да се извини.

„Официјалните претставници на турската Влада продолжуваат да го користат истиот аргумент дека османлиската влада никогаш немала намера”, вели Танер Акчам, експерт за ерменскиот геноцид и професор по историја на универзитетот „Кларк“ во Масачусетс.

„Тие прифаќаат дека имало жртви и некои масакри, но тврдат дека османлиската влада не можела да ги контролира оддалечените области и дека некои курдски племиња или бандити или некоја друга група ги извршиле тие злосторства”.

Она што досега недостасуваше беше директен доказ кој ја поврзува османлиската влада со злосторствата, а тоа е токму она што го пронашол Акчам.

„Овој нов доказ е голем удар против аргументите на турските негирачи”, вели Акчам.

Неговото откритие сугерира дека геноцидот навистина бил извршен на периферијата од империјата, но не од одметнати агенти и бандити, туку од провинциските гувернери. Овие гувернери биле во комуникација и добивале помош од лидерите во Истанбул.

„Ова покажува дека процесот на радикализација почнал во провинциите”, вели Акчам.

Доказите, серија телеграми транскрибирани, дешифрирани и потпишани од турски официјални лица, биле откриени во серијата нови документи објавени во Отоманската архива, збирка историски документи во Истанбул, организирана од владата и ставена на располагање на истражувачите.

Новооткриените писма ја содржат првата недвосмислена употреба на термините „истребување” и „уништување” од османлиските службеници, и во провинциите и во Истанбул. Анализата на потписите потврди дека неколку од транскрибирани телеграми биле напишани од Бахаетин Шакир, шеф на паравоената Специјална организација и еден од архитектите на ерменскиот геноцид.

Иако планот за истребување на сите Ерменци што живеат во Турција почнал како провинциска идеја, новите докази сугерираат дека Истанбул го поддржал геноцидниот пристап.

Во прилог на документите добиени од Отоманската архива во Истанбул, Акчам исто така открил слични писма – транскрибирани телеграми – кои биле користени како докази на судења организирани од поствоената отоманска влада.

„Имало 63 различни судења и повеќе од 200 обвинети. Материјалите од овие судски постапки исчезнаа. Владините претставници никогаш не ги направија овие судски постапки достапни за истражувачите”, вели Акчам.

Истражувачите знаеле за овие судења само од извештаите на дневните весници во Истанбул. Отоманската влада објавила и неколку пресуди. Но, некои од документите од овие судења завршиле во приватната архива на католички свештеник во Ерменија.

Меѓу документите од судењата Акчам пронашол транскрибирани телеграми користејќи го истиот систем за дешифрирање – серија арапски букви и броеви кои ги претставуваат зборовите и суфиксите – меѓу документите од Отоманската архива.

„Отидов во Отоманската архива, открив дека овој четирицифрен систем за кодирање е ист за двете групи телеграми. Автентичноста не може да се спори, ова е главното откритие“, вели тој. Транскрибираните телеграми обезбедиле дополнителни докази за комуникацијата меѓу оние кои го извршиле геноцидот во провинциите и воените и политичките претставници во Истанбул, вклучувајќи ги и пораките што Акчам ги карактеризирал како „наредби за убивање”.

Што се однесува до причините зошто овие документи биле јавно објавени од турската Влада, која упорно ја негира вината на своите претходници, Акчам претпоставува дека функционерите едноставно не ги прочитале темелно. Документите во архивите беа сумирани од службениците пред да бидат објавени, а во резимето на новооткриените телеграми не се споменува ништо за деталите поврзани со ерменскиот геноцид.

Акчам вели дека неговите откритија, сумирани во истражувањето за Journal of Genocide Research, дополнително ќе ја зацврстат вистината за ерменскиот геноцид и се надева дека наскоро ќе биде прифатена и од турската Влада. Според Акчам, геноцидот има импликации за политичката ситуација во модерна Турција.

„Турците и турската Влада денес ги имаат истите проблеми со Курдите како што имале Отоманците со Ерменците во минатото. Ерменците бараа правна и социјална еднаквост. Курдите денес имаат слични барања”, вели тој.

Како резултат на тоа, вели Акчам, Курдите се етикетирани како закана за безбедноста и турската Влада се обидува да ги потисне овие демократски барања.

„Без да ги признае историските грешки, Турција не може да воспостави демократска иднина”, смета Акчам.

Според историчарот, признавањето на ерменскиот геноцид е од суштинско значење за подобрување на односите меѓу Турција и нејзините соседи.

„На регионално ниво, ако ја продолжите оваа политика на негирање, тоа значи дека имате потенцијал да ја повторите истата политика против вашите соседи. Ова е причината зошто многу соседи на Турција ја сметаат турската влада за закана за безбедноста. Без помирување со историјата, мирот нема да биде остварлив во регионот”, нагласи Акчам.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Европската Унија е секогаш подготвена за разговори со Русија во обид да се стави крај на војната во Украина, но дека нема да отвори никакви паралелни канали за комуникација.

dobivaj vesti na viber

„Секако, секогаш сме подготвени за разговори со Русија“, изјави Мерц пред новинарите во Абу Даби, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека во моментов се водат координирани разговори во Абу Даби.

„Ако можеме да придонесеме овие разговори да бидат уште подобри, уште поуспешни, ќе го сториме тоа. Но, нема да отвориме никакви паралелни канали за комуникација“, рече Мерц.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во официјална посета на земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, од среда, со цел зајакнување на политичките и економските врски, енергетската соработка и регионалната безбедност.

За време на посетата, Мерц разговараше со лидерите на ОАЕ во Абу Даби, а се очекува на состаноците да бидат опфатени теми како што се влијанието на војната во Украина врз глобалната енергетска безбедност, пазарите на гас и нафта, како и можноста за дипломатско посредување во меѓународни конфликти, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија

Објавено пред

Европската комисија предложи 20-ти пакет санкции против Русија насочени кон енергетиката, финансиските услуги и трговијата, со цел да се усвои пред четвртата годишнина од војната на 22 февруари.

dobivaj vesti na viber

„Комисијата предлага нов пакет санкции, 20-ти од почетокот на руската агресија врз Украина“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Новиот пакет предлага целосна забрана за поморски услуги за транспорт на руска сурова нафта за дополнително намалување на приходите од продажба на енергија и отежнување на наоѓањето купувачи за руска нафта.

„Бидејќи превозот е глобален бизнис, предлагаме оваа целосна забрана да се усвои во координација со истомислечките земји по одлуката на Г7“, рече претседателката на Комисијата.

Новиот пакет вклучува додавање на уште 43 бродови од таканаречената руска флота во сенка на листата на санкционирани бродови. Вкупниот број на вакви бродови, кои Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите, сега изнесува 640. Исто така, се предлагаат мерки за да се отежни набавката на танкери за својата флота во сенка, како и сеопфатна забрана за обезбедување одржување и други услуги за танкери за течен природен гас и мразокршачи.

Вториот дел од санкциите се однесува на мерките за ограничување на рускиот банкарски систем и неговата способност да создава алтернативни канали за плаќање за финансирање на економската активност. Уште 20 руски регионални банки се додадени на списокот на санкционирани, како и неколку банки во трети земји кои се вклучени во олеснување на нелегалната трговија со санкционирана стока.

Се предлагаат и мерки против криптовалутите, компаниите што тргуваат со нив и платформите што овозможуваат тргување со криптовалути за да се отежни заобиколувањето на санкциите.

Третиот дел од новиот пакет санкции се однесува на мерките за заострување на ограничувањата за извоз во Русија на стоки и услуги – од гуми до трактори и услуги за сајбер безбедност.

Исто така, се предлага нова забрана за увоз на метали, хемикалии и критични минерали, кои сè уште не се под санкции, како и дополнителни ограничувања за извоз на предмети и технологии што се користат за напорите на Русија на бојното поле, како што се материјали што се користат за производство на експлозиви.

Претседателката на Комисијата ги повикува земјите-членки што е можно поскоро да го одобрат овој пакет санкции „со цел да се испрати силен сигнал во пресрет на мрачната четврта годишнина од оваа војна“.

Фон дер Лајен рече дека фискалните приходи на Русија од нафта и гас се намалиле за 24 проценти во 2025 година во споредба со претходната година, што е најниско ниво од 2020 година.

„Приходите од нафта и гас во јануари ќе бидат најниски од почетокот на војната. Ова го потврдува она што веќе го знаевме – дека нашите санкции функционираат и ќе продолжиме да ги користиме сè додека Русија не започне сериозни преговори со Украина за праведен и траен мир“, рече фон дер Лајен.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Андалузија во вонредна состојба, властите стравуваат од нови поплави

Објавено пред

Бурата „Леонардо“ предизвика големи поплави во Андалузија, кои принудија евакуација на околу 8.600 луѓе, додека една жена почина откако беше однесена од поројна вода во покраината Малага.

dobivaj vesti na viber

Во Кордоба, нивото на водата на реката Гвадалкивир е на критично ниво, бидејќи сегашното ниво од 5,5 метри е двојно повисоко од нивото за црвена тревога, а Римскиот мост на таа река е затворен поради опасност. Градоначалникот на Кордоба предупреди дека е потребно да се испушти вода од акумулациите и дека се очекуваат уште поголеми поплави.

Приградскиот железнички сообраќај помеѓу Севиља и Кадис не работи, а услугата е само делумно оперативна во Малага. Регионалните владини претставници во Малага објавија дека временските прогнози укажуваат на можност за бури и повремени врнежи од дожд. Во градот Грасалеми, сите жители беа евакуирани.

Поради снежните врнежи на север од Шпанија, 16 патишта беа затворени, а уште 21 беа погодени. Најпогодените патишта се во Гранада, Леон, Саламанка, Касерес, Навара. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ја посети Андалузија и рече дека земјата ќе биде со жителите. Прво со хеликоптер прелета над некои од најкритичните области на покраината Кадиз, а потоа ја посети и напредната командна станица лоцирана во градот Сан Роке, во регионот Кампо де Гибралтар.

„Нè очекуваат долги денови. Важно е целата земја да застане покрај жителите додека не заврши оваа криза, не само во однос на итноста, туку и во однос на важните работи, кои ќе дојдат кога ќе поминат овие неповолни настани и кога ќе мора да се соочиме со реконструкцијата и преродбата на погодените области“, рече тој.

Тој ги замоли погодените за „разбирање и трпение“ и за доверба во експертите кои знаат како да се справат со климатската криза. Според него, од почетокот на бурата, централната влада распоредила „повеќе од 10.000 луѓе на терен“ во координација со регионалната влада на Андалузија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија5 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија6 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија7 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија8 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија8 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет9 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија9 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет11 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет11 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион11 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет11 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа12 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет12 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 ден

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...