Свет
Украина задржала руски танкер наводно вклучен во инцидент во теснецот Керч

Украинската безбедносна служба (СБУ) го задржала рускиот танкер „Ника спирит“ во пристаништето Измаил, тврдејќи дека тоа е танкерот Нејма кој го блокираше движењето на украинските бродови за време на инцидентот во теснецот Керч , се вели во соопштението на СБУ, пренесува ТАСС.
„Украинската служба за безбедност и Канцеларијата на воениот обвинител го задржаа рускиот танкер што го блокираше движењето на украинските бродови во теснецот Керч, се вели во соопштението.
„Пред судењето истрагата јасно стави до знаење дека руските гранични службеници на ФСБ извршиле чин на вооружена агресија против украинските воени бродови ‘Никопол’ и ‘Бердјанск’ и бугарскиот товарен брод ‘Јани Капу’ во теснецот Керчен по директен налог од високи функционери на ФСБ”, додаде СБУ .
Според украинските погранични стражари, танкерот „Ника спирит“, кој плови под руско знаме, бил идентификуван на пристаништето Измаил преку неговиот ИМО-број и информативниот систем „Еквасис“ како танкерот Нејма, кој бил користен за затворање на теснецот Керч.
СБУ додаде дека група иследници и воени обвинители го пребарале танкерот со судска дозвола, заплениле документи, снимки од радиокомуникациите направени за време на инцидентот и дневници. Членовите на екипажот на танкерот биле испрашувани.
„Танкерот е признат како вистински доказ, иследниците планираат да побараат од судот да го заплени”, истакнаа од СБУ.
На 25 ноември 2018 година, три украински брода незаконски ја преминале руската граница и се обиделе да спроведат нелегални дејства во руските територијални води. Тие ги игнорирале легитимните барања да застанат од бродовите на граничната служба на ФСБ и Црноморската флота и продолжиле со опасно маневрирање. Во инцидентот било употребено оружје.
Трите брода беа задржани во руските територијални води.
За граничниот инцидент беше отворена кривична истрага. Членовите на екипажот на украинските бродови беа ставени во притвор и се обвинети за нарушување на руската граница според член 322.3 од рускиот Кривичен законик и може да се соочат со шест години затвор ако бидат прогласени за виновни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.
🇬🇷 A massive fire is raging on the island of Crete in Greece: evacuation has been announced
Due to strong winds, which reached 9 points on the Beaufort scale, the fire is spreading very quickly#russiaisaterroriststate ❗https://t.co/uEdqULR0mt pic.twitter.com/mtTIyfmqmi
— Гакрукс (@Gakruks1) July 4, 2025
Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.
Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.
Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.
(Фото: ЕПА)
Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија – СПД) презентира предлог-закон за воена служба, која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи, како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителната воена служба во случај потребите на Бундесверот да не може да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, за жените – не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 члена.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителната воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителната воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.