Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Чаир
Дваесет и петгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во Чаир.
Во несреќата учествувале мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и паркиран автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за силување во Штип
Вчера во 22.00 часот во СВР Штип, 30 – годишна жена од штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.