Македонија
Од денеска двојни рампи на паркиралиштето „Аутомакедонија“
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“.
Заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел да се постави ред и контрола и да се добие подобра организација на ова паркиралиште.
Во наредниот период ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе воведе и систем за препознавање на регистарски таблички на сите затворени паркиралишта; ќе го редуцира бројот на часови на гостинската карта (М-карта), односно од 8:00 до 17:00 часот бројот на часови за најава на гости ќе се ограничи на 2 часа, а по 17:00 часот ќе биде неограничено; и ќе го ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им овозможи бесплатен пристап од 5:00 до 7:00 часот, во спротивно да ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час. Овие мерки значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето на сите затворени паркиралишта и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

