Македонија
Реновиран објектот на ПО Групчин, подобрена ефикасноста на СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посети Полициското одделение Групчин, каде заврши реновирањето на објектот.
„Кога го преземав МВР во 2017 година, еден од приоритетите беше подобрување на условите за работа на полициските службеници затоа што подобрите услови носат и подобри резултати во работата, односно поголема безбедност за граѓаните. Затекнавме објекти во кои не било интревенирано и по четири децении. Сега, во 2019 година можеме со гордост да кажеме дека најголем дел од објектите ги саниравме и реновиравме и тоа со средства на МВР, а до крајот на годината очекувам да се завршат и објектите кои се наоѓаат во планот за реновирање“, рече Спасовски.
Додека другите објекти се реновирани со средства на МВР, карактеристично за објектот во Групчин е што е реновиран со донации на жителите, кои придонесоа еден објект по четиридецениско егзистирање сега да биде комплетно инфраструктурно и градежно саниран. Целосно подновена е надворешноста на објектот со нова фасада. Поставени се нови подови во просториите, нови врати и прозорци, поставено е и надворешно осветлување на објектот, а соодветно решени се и сите надворешни инсталации, а уреден е и дворот пред објектот, со нови бекатонски патеки и зеленило.
„Денеска со полициските службеници од ПО Групчин разговаравме и за тековното работење, со цел остварување на што поквалитетни резултати во заштитата, безбедноста и сигурноста на граѓаните и нивните материјални добра. Навистина радува фактот што СВР Тетово, во чијашто организациона поставеност припаѓа и полициското одделение Групчин бележи повеќе од добри резултати во работењето“, рече Спасовски.
Во изминатите шест месеци од годинава на подрачјето на СВР Тетово значително подобрена е ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела или искажано во проценти таа изнесува 71 процент, во делот на т.н. класичен криминал каде предничат имотните деликти, а исто така зголемен е и бројот на расветлените дела од областа на недозволена трговија со дрога за 72 проценти. Во сферата на јавниот ред и мир годинава се бележи намалување на евидентираните прекршоци за 25 проценти, а евидентиран е позитивен тренд и во областа на сообраќајната безбедност, каде е присутно намалување на бројот на сообраќајните несреќи за 18 проценти, споредбено со истиот период лани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Вренето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)
Македонија
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Лозово во рамките на кампањата под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври.
Мицкоски порача дека токму затоа е убеден дека нема друга алтернатива ниту за Македонија, ниту пак за Лозово, како составен дел од државата, а тоа сегашниот и идниот градоначалник, Бошко Цветковски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Мицкоски се осврна на трите суштински ветувања во измината изборна кампања ан ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори кои се исполнија до сега во овие 15 месеци власт, како линеарното покачување на пензиите не само за 5000 денари, туку до март истите ќе се покачат за вкупно 7000 денари за сите пензионери, како 500 милиони денари од владата за општини за реализација на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.
„Третото суштинско ветување беше дека онаа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.
Додаде дека и покрај сите предизвици коишто ВМРО-ДПМНЕ ги имаше при преземањето на власта од првиот ден па се до денес, при што беа затечени проблеми за коишто се знаеше дека најголем дел од нив постојат, но со влезот во институциите следеше непријатно изненадување дека државата е речиси пред банкрот, а институциите и темелите на државата беа комплетно разрушени.
„Но, не очајуваме, туку ги засукаме ракавите и почнавме да работиме. А тоа е впрочем она коешто ние го ветувавме за време на кампањата во 2024 година, каде што ветивме многу работа, чесна и напорна“, рече Мицкоски.
Затоа Мицкоски повика масовно да се излезе на гласање и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9, за да продолжи работата и напредокот на државата.