Спорт
Репрезентативниот бек Муслиу се сели во МОЛ Фехервар кај Николов
Одбранбениот фудбалер на тетовска Шкендија, македонскиот репрезентативец Висар Муслиу речиси сигурно ќе биде нов играч на унгарски МОЛ Фехервар каде настапува репрезентативец, Бобан Николов.
На социјалните мрежи во Унгарија има информации и дека трансферот на стоперот од Шкендија во МОЛ ќе е 1,7 милиони евра.
Ако се точни тврдењата, тогаш Муслиу ќе влезе во историја како играч со најскап трансфер од Македонија во странство.
Висар Муслиу е стандарден кај селекторот Игор Ангеловски, а пред да заигра за фудбалскиот шампион од Тетово, тој со успех настапуваше во скопски Вардар.
Visar Musliu (@fcshkendija) za 1,7 mln euro w @MOLFehervarFC – ładnie się tam bawią na Wegrzech ? pic.twitter.com/bzHs0QC9ie
— Paweł Turek (@PawelTurek1987) July 28, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Панатинаикос ја освои Евролигата, во финалето го декласира Реал
Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турни во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес.
Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.
Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои третата титула во Евролигата, претходно по една освои со Олимпијакос и со Фенербахче.
Спорт
Барселона го сака Луис Дијаз
Барселона е серизоно заинтересирана за крилниот напаѓач на Ливерпул и колумбиски репрезентативец Луис Диас, пренесуваат шпанските медиуми.
„АС“, наведува дека каталонскиот клуб планира засилување во нападот во текот на летниот преоден рок, а изборот паднал на Дијас, кој наводно сака да го напушти Ливерпул.
Во 2022 година, колумбискиот фудбалер пристигна во Ливерпул од Порто за 45 милиони евра.
Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Барселона Деко веќе разговарал со менаџерот на Дијас, а преговорите би можеле да продолжат во следните неколку недели.
Дијас (27) сезонава за Ливерпул одигра 51 натпревар и постигна 13 голови.
Спорт
(Видео) Аталанта го победи Торино и ја остави Рома без ЛШ
Неколку дена по освојувањето на Лига Европа, Аталанта убедливо победи во Бергамо против Торино со 3:0 во последното коло од италијанската Серија А, а допрва треба да го одигра натпреварот од 29.коло против Фиорентина, истот така на домашен терен.
Џанлука Скамака погоди во 26. минута, а во 43. гол постигна и херојот од финалето на Лига Европа, Адемола Лукман. Марио Пашалиќ го постави конечниот резултат од пенал во 71. минута.
Навивачите на Серија А нема да бидат задоволни со оваа победа на Аталанта бидејќи италијанската лига сега загуби едно место во Лигата на шампионите следната сезона.
Италијанците и Германците освоија најмногу бодови во европските натпреварувања оваа сезона и со тоа се стекнаа со дополнителна позиција во Лигата на шампионите. Од есента Серија А и Бундеслигата имаат по пет клуба во најелитното клупско фудбалско натпреварување, но Аталанта сигурно ја обезбеди Лигата на шампионите со освојувањето на Лигата на Европа.
Аталанта со победата против Торино го обезбеди најмалку четвртото место и затоа се смета дека преку шампионатот изборија пласман во Лигата на шампионите. Доколку Аталанта загубеше од Торино ќе останеше без позиција меѓу четирите најдобри екипи и тогаш дури шест екипи од Серија А ќе играа во Лигата на шампионите. Вака извиси Рома која е шеста.
Натпреварот меѓу Аталанта и Торино внимателно се следеше и низ Европа. Победата на Ла Деа на некои им донесе среќа, а на други не.
Португалскиот вицешампион Бенфика директно наместо Рома влегува во Лигата на шампионите, Салцбург како австриски вицепрвак влегува во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите, како и Славија Прага, чешкиот вицешампион.
Поради победата на Аталанта третата екипа на Шкотска, Хартс, остана без директен пласман во Лига Европа и оди во плеј-офот, како и третата екипа на Украина, Кривбас, која наместо во плејофот оди во третата прелиминарна коло од Лига Европа.