Свет
Салвини објави фотографија од американскиот тинејџер осомничен за убиство на карабинер

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ја отфрли загриженоста поради објавените фотографии на американскиот тинејџер со врзани очи и со лисици на рацете, осомничен за убиство на полицаец велејќи дека единствената жртва за жалење во ситуацијата е убиениот карабинер, пренесува РТ.
Габриел Кристијан Натале-Хјорт (18) и Финеган Елдер (19) беа уапсени за наводно убиството на карабинерот Марио Черчело Рега кога осумпати го проболе на улица во Рим во петокот.
Во соопштението од карабинерите се вели дека двата тинејџера од Сан Франциско го признале убиството по испрашувањето и се соочиле со несоборливи докази.
Фотографијата објавена во италијанските медиуми го покажува Натале-Хјорт додека седи со врзани очи во полициска станица. Командантот на италијанската полиција, Франческо Гаргаро, изјави за медиумите дека тинејџерот кусо бил незаконски со врзани очи, четири или пет минути пред да биде испрашуван во петокот, за да го спречат да ги види документите во канцеларијата. Во меѓувреме е отворена истрага за врзувањето на очите на тинејџерот.
Салвини ја објави фотографијата во неделата велејќи дека оние што се жалат за апсењето на затвореник треба да запаметат дека единствената жртва за жалење е карабинерот: човек, син, 35-годишен сопруг, кој почина на служба од рацете на луѓето што, ако се виновни, заслужуваат доживотен затвор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Локални избори во Заечар и Косјериќ

Денеска во Заечар и Косјериќ се одржуваат редовни локални избори, на кои се избираат советници во општинските совети на овие две локални самоуправи. Гласачките места се отворија утрово во 7:00 часот, а се затворија во 20:00 часот.
Осум изборни листи учествуваат на изборите во Заечар и три во Косјериќ. Изборниот молк ќе трае до затворањето на гласачките места.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека нарушувањето на изборите е кривично дело и дека полицијата ќе реагира.
– Полицијата мора да си ја врши својата работа. Во кривичниот законик постои кривично дело попречување на избори. Доколку некој крши гласачки кутии или им попречува на луѓето да гласаат, тоа нема да биде дозволено – рече Дачиќ.
Општина Косјериќ има околу 10.000 жители, а право на глас имаат 8.897 гласачи.
Според податоците на Градската изборна комисија, вкупниот број на гласачи на територијата на Заечар е 47.357.
Прелиминарните резултати се очекуваат вечерва.
Свет
Хамас користел тунел под Европската болница во Кан Јунис како команден центар, вели израелската војска

Милитантната група Хамас користела тунел под Европската болница во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како еден од главните командни центри за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти израелската војска.
При нападот на тунелот на 13 мај, убиен бил лидерот на Хамас, Мухамед Синвар, заедно со други високи команданти на таа милитантна група, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска претходно соопшти дека војниците го пронашле телото на Синвар, но дека тоа сè уште треба официјално да се потврди.
Тој е помлад брат на поранешниот лидер на Хамас во Газа, Јахја Синвар, кој беше убиен од израелската војска во јужна Газа во октомври минатата година.
Свет
Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори.
Се додава дека Трамп го опишал поранешниот шеф на Одделението за ефикасност на владата како „голем зависник од дрога“, наведува „Пост“.
Маск претходно призна дека користи кетамин, кој му бил препишан од лекар, а „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека сопственикот на Тесла користел големи количини кетамин, меѓу други наркотици, што довело до проблеми со мочниот меур.
Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ за Илон Маск доколку го финансира демократскиот табор за да се кандидираат против републиканците кои го поддржуваат сеопфатниот буџетски закон на Републиканската партија.
Претседателот на САД исто така рече дека нема желба да го поправи односот со Маск по јавните расправии, велејќи дека смета оти нивниот однос е завршен.
Конфликтот започна откако Маск го критикуваше Трамповиот закон за трошење и даноци, кој има влијание врз бизнисот со електрични возила.
На тоа Трамп одговорил дека не е сигурен дали во иднина ќе има добри односи со Маск, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име се наоѓа во документите на осудениот педофил Џефри Епштајн, пренесува Танјуг.