Спорт
Рики Рубио: Целта на Шпанија во Кина е мадал
Кошаркарите на Шпанија ги навикнаа навивачите на успеси и медали, па такви се очекувањата и сега, на еден месец пред почетокот на Мундијалот во Кина.
НБА-ѕвездата, Рики Рубио најавува високи цели, а тоа за него е една од медалите на шампионатот.
„Таа цел е далеку, а патот до неа е многу тежок. Не можеме да размислуваме за играчите кои не се на подготовките, туку за оние кои се тука. Атмосферата е добра, се чувствуваме одлично и екипата почнува да гради победничка хемија“ – изјави Рубио за шпанските медиуми.
Тој потенцира дека со години наназад на прво место кај „фуријата“ е тимскиот дух.
„Квалитетот може да не однесе многу далеку, но најважно е што Серџо Скариоло е со години со нас и добро знаеме што сака. Сепак, секогаш не изненадува со нешто ново“ – вели 28-годишниот плејмејкер.
Рубио смета дека пред младата генерација во репрезентацијата е исклучително тешка задача да ги повтори успесите на претходниците.
„Ментално сум многу стабилен, физички подготвен. Веќе три години играм без никакви проблеми со повреди. Се чувствувам како „мал ветеран“ – потенцира кошаркарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
За паркинг ќе се плаќа и по 300 долари на Светското првенство во Лос Анџелес
ФИФА повторно е на удар на критики поради цените за паркинг на натпреварите од Светското првенство 2026 во Лос Анџелес. Според извештаите, паркинг пропусници за натпревари на Софи стадионот се продаваат по цена од 250 до 300 долари по место, иако се наоѓаат повеќе од една милја (околу 1,6 километри) оддалеченост од стадионот, објави утрово „Дејли мејл“.
Навивачите се лути бидејќи цената за паркинг е повисока од билетите за некои натпревари од групната фаза.
„Паркинг цените се одредуваат врз основа на локалните пазарни услови и споредба со други големи настани,“ изјавија од ФИФА за „Атлетико“.
Стадионот во Лос Анџелес ќе биде домаќин на осум натпревари, вклучувајќи го и отворањето на репрезентацијата на САД и една четвртфинална средба.
Фото: Депозитфотос
Спорт
Само што дојде во Џирона, Тер Штеген се повреди
Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда.
Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“.
Каталонски извори денес потврдија дека Тер Штеген доживеал повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци.
Не е невозможно Џирона да ја прекине позајмицата бидејќи паузата со која се соочува Германецот воопшто не е кратка. Џирона има проблем, бидејќи остана само со Газанига, откако Ливаковиќ го напушти клубот и се врати во Динамо Загреб.
Што се однесува до Тер Штеген, сигурно е дека оваа повреда дополнително ги намали неговите шанси да биде прв голман на Германија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Foto/ EPA
Спорт
Нико Вилијамс на нова пауза
Нико Вилијамс, навистина нема среќа оваа сезона. Повторно се повреди и мора да направи уште една долга пауза.
Шпанскиот репрезентативец страда од повреда на пубалгија. Третманот што му го препишаа лекарите на клубот не донесе никаков напредок и сега ќе мора да ги променат терапиите, бидејќи Нико Вилијамс игра со болки веќе некое време.
Исто така, клубот направи ризик поради настапот во Лигата на шампионите, на крајот тој ризик не му донесе ништо добро на Атлетик. Клубот заврши на 29-то место и не се пласираше ниту во плејофот.
Сега новиот проблем е што Нико Вилијамс ќе направи пауза до крајот на март, кога е репрезентативната пауза, па сигурно е дека ќе игра за тимот на Ернесто Валверде од април.
Во среда, Атлетик Билбао ќе биде домаќин на Валенсија во Кралскиот куп, а потоа ќе има натпревари со Леванте, Овиедо, Елче, Рајо Ваљекано, Барселона, Џирна и Бетис. Сите овие натпревари Нико Вилијамс ќе ги пропушти.
Се очекува тој да биде подготвен за гостувањето кај Хетафе на 5 април.
Foto/ depositphotos

