Спорт
Реал дава 100 милиони евра и Модриќ за Нејмар да се пресели во Мадрид?
Реал Мадрид тргна во нов обид да го донесе Бразилецот Нејмар на „Бернабе“ кој очигледно не е среќен во Париз.
Бразилскиот ас секој преоден рок е еден од најспоменуваните играчи. На „Паркот на принцовите“ стигна од Барселона за рекордни 222 милиони евра.
Шпекулациите ова лето најчесто го враќаа во Барселона, а и Реал е во игра за да им ги помати сметките на Каталонците.
Доколку Нејмар прејде во Мадрид, навивачите на Барса „неверството“ сигурно нема да му го простат, како што беше случај со Португалецот Луис Фиго.
Шпански „Дон Балон“ пишува дека „Кралевите“ се подготвени за Нејмар да дадат 100 милиони евра и во ПСЖ да го испратат Хрватот, Лука Модриќ.
Договорот на Бразилецот со „светците“ трае уште 3 години, а Хрватот со Реал е „врзан“ уште 2 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мареска го потпишал договорот со Челси
Поранешниот менаџер на Лестер, Енцо Мареска, договорил петгодишен соработка со Челси, објави инсајдерот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Според новинарот, Челси во наредните денови официјално ќе го претстави новиот тренер.
Спортските директори на Челси, Пол Вајнстанли и Лоренс Стјуарт отпатуваа во Марбела на разговори со Мареска откако Лестер даде зелено светло. Откупната клаузула во неговиот договор е помеѓу 8 и 10 милиони фунти.
Италијанецот оваа сезона со Лестер ја освои шампионската титула во Чемпионшип и се пласираше во Премиер лигата. Освен во Лестер како тренер, работеше и во резервниот тим на Манчестер сити и во Парма. Една сезона му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Мареска на клупата ќе го замени Маурисио Покетино, кој го напушти клубот на крајот од сезоната.
Спорт
Скалвини го повреди коленото, го пропушта ЕУРО
Фудбалерот на Аталанта Џорџо Скалвини, на последниот натпревар во сезоната доживеа повреда поради која ќе го пропушти Европското првенство и првиот дел од новата сезона.
Скалвини (20), вчера против Фиорентина, ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено. Со помош на лекарскиот тим и во слозни еден од најталентираните дефанзивци не само во Италија туку и во Европа го напушти теренот.
Повредата на Скалвини е уште еден голем удар за селекторот на Италија, Лучано Спалети. Италија има големи проблеми во дефанзивата бидејќи пред Скалвини е повреди и искусниот Ачерби.
Според првите прогнози, Скалвини на терените ќе се врати во јануари.
Спорт
Македонија во Риека против Хрватска – Далиќ ќе настапи со комбиниран состав
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Риека, ќе одигра контролен натпревар со репрезентацијата на Хрватска. Овој натпреар за Македонија е подготвителен за она што ја очекува репрезентацијата во септември, додека за Хрватска е дел од подготовките за Европското првенство.
Македонија на овој и слдниот меч со Чешка ќе биде без капитенот Енис Барди. Играчот на Трабзон се повреди во последниот натпревар за својот тим.
„Очекувам добар натпревар. Играме меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крајот на сезоната, но она што го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, рече селекторот Благоја Милевски.
Неговиот колега Златко Далиќ, според хрватските медиуми, против Македонија ќе користи 17 фудбалери. Предност ќе добијат оние кои се појавија на подготвките од првиот ден. „Индекс“ пишува дека мечот со Македонија ќе го започне со играчи кои никогаш не играле заедно, во формација 4-2-3-1.
Тимот на Хрватска: Ливаковиќ – Јурановиќ, Ерлиќ, Вида, Соса – Ковачиќ, Мајер – Крамариќ, Батурина, Перишиќ – Петковиќ.
Натпреварот во Риека ќе започне во 19 часот.