Регион
Вучиќ бил прислушуван 13 години

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, бил прислушуван 13 години, често и без налог од судот или каква било наредба и законски мерки, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, објави РТС.
Тој рекол дека Вучиќ во континуитет бил прислушуван од 1995 до 2000 година, потоа повторно од 2000 до 2003 година и особено, на, како што рекол Стефановиќ, перфиден начин во периодот од 2007 до 2012 година.
„Тоа е правено без налог на судот или каква било наредба и мерки засновани на закон, а некогаш и по налог на судот“, рекол Стефановиќ.
Тој рекол дека не е поведена постапка против ниту едно лице за прислушувањето, ниту е поднесена кривична пријава.
Министерот рекол дека Вучиќ од 2007 до 2012 година бил прислушуван низ опфат на повеќе лица што оствариле комуникација со него, а кои, како што рекол, биле означени како екстремисти.
„Меѓу тие лица биле и Горан Весиќ и Владимир Ѓукановиќ“, рекол Стефановиќ и додал дека не може да ги обелодени имињата на другите лица поради заштита на приватноста.
Тој додал дека од опкружувањето на Вучиќ биле прислушувани од 10 до 12 луѓе.
„По тоа, гледате дека целта не е откривање кривични дела, туку да се следи нечија работа за кого сметате дека е политички противник“, истакнал Стефановиќ. Слично, додал тој, беше и со Томислав Николиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.