Регион
Грабар-Китаровиќ во Израел: Бих е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, изјави дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам, јави хрватскиот портал „Индекс“.
За време на тродневната посета на Израел, Грабар-Китаровиќ, изјави дека Хрватска трпи поради мигрантскиот проблем кој, како што оценува, не е сличен со проблемот во поголемиот дел од Европа.
Таа вели дека разликува мигранти од бегалци, дополнувајќи дека Хрватска е подготвена да пружи азил на бегалците, но мигрантите кои бараат подобар начин на живот мора да ги почитуваат меѓународните граници. Мигрантите не сакаат да останат во Хрватска, вели Китаровиќ, туку се обидуваат да стасаат до Германија.
Иако речиси сите тврдат дека се сириски бегалци, тие всушност се африкански или пакистански мигранти, кои се обидуваат да се пробијат преку границата во БиХ, за која Грабар-Китаровиќ вели дека е многу нестабилна земја и во одредена смисла ја презеле луѓе поврзани со Иран и со терористички организации.
„Таа земја денес е под контрола на милитантниот ислам, кој е доминантен во одредувањето ставови“, истакна Грабар-Китаровиќ, додавајќи дека некои се многу насилни луѓе кои провалуваат во туѓи домови.
„Проблемот е во тоа што бегалците се занемаруваат“, вели Грабар-Китаровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.