Македонија
Ортопедски помагала за 36 лица со телесна попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на доделувањето ортопедски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми.
Помагалата се обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – „Мобилност Македонија“, со средства од МТСП, кои му се доделени на Сојузот во согласност со програмата за работа и одобрениот финансисики план за 2018 година. Вкупната сума потрошена за ортопедски помагала изнесува 1,6 милион денари.
„Навистина ми е драго што денеска 36 лица со потешка телесна попреченост ги добиваат помагалата што им се потребни. Министерството за труд и социјална политика прави напори со обезбедувањето средства потребни за функционирањето на Националниот сојуз на инвалидските организации и Националниот сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – ‘Мобилност Македонија’ да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.
Истовремено, од МТСП наведуваат дека со најновите измени на Законот за социјалната заштита значително ги унапредуваат правата на лицата со попреченост, со тоа што се воведуваат две нови услуги – домашна нега и лична асистенција.
Бранимир Јовановски од „Мобилност Македонија“ вели дека во согласност со програмата за работа Сојузот обезбедува соодветна парична помош на членовите во случаи кога треба да платат или партиципираат за користење неопходни здравствени услуги или набавка на помагала, а во границите на финансиските можности на Сојузот, како и во склад со актите на Сојузот и за оваа намена се на располагање 271.890,00 денари, кои се префрлени на 16 општински здруженија – членки на Сојузот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

