Спорт
Јапонец од Арсенал го засили Партизан
Јапонецот Такума Асано потпишал три годишен договор со Партизан од Белград. Асано во Партизан доаѓа од Арсенал. Првиот Јапонец во историјата официјалната промоцијата ќе ја има в петок.
Асано има 24 години играч на Арсенал стана во 2016 година, откако сезона претходно, како фудбалер на Хирошима бил прогласен за дебитант на годината во јапонската лига.
Меѓутоа во Англија тој немал работна дозвола, бидејќи немал најмалку три годишен стаж во Европа. Поради тоа тој три години играше како позајмен играч во Германија, најпрвин во Штутгарт, а потоа и во Хановер.
Трансферот на Асано изнесува еден милион евра, сума што Партизан ќе треба да ја платата во три рати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дурент се врати, Феникс ги растури Лејкерси – Доминантни партии на европејците
Кошаркарите на Феникс на домашен терен ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 127:100 и ја прекинаа серијата од пет последователни порази во НБА лигата. Во тимот на Феникс се вратија Кевин Дурент и Бредли Бил.
Клучната разлика Феникс ја направи во третиот период, го доби со 36:18.
Девин Букер беше најефикасен во победничкиот тим со 26 поени, имаше и 10 скока, додека Бил и Дурент постигнаа по 23 поени.
Во тимот на Лејкерси дабл-дабл учинок имаше Ентони Дејвис со 25 поени и 15 скока, Леброн Џејмс запиша 18 поени и 10 асистенции, додека ДиАнџело Расел постигна 16 поени.
Кошаркарите на Милвоки на гости го победија Мајами со 106:103, што е нивна петта последователна победа во НБА лигата.
Во текот на третата четвртина гостите водеа со најголеми плус 22 (76:54), а до крајот на овој период Мајами успеа да намали на 85:80.
Во последната четвртина Мајами не успеа да направи целосен пресврт, бидејќи Тајлер Хиро промаши шут за победа.
За Милвоки, поради повреда не играше Јанис Адетокумбо. Демијан Лилард ги предводеше Бакс со дабл-дабл учинок од 37 поени и 12 асистенции. Ова е десетти меч во кариерата на најмалку 35 поени и 10 асистенции што се изедначија со Алан Ајверсон на деветтото место на вечната листа.
Победи изминатата ноќ забележаа и кошаркарите на Хјустон, Чикаго и Сан Антонио.
Европските центри беа главни играчи во своите тимови на тие натпревари. Турчинот Алперен Шенгун ја одбележа вечерта со трипл-дабл учинок (22 поени, 11, скока, 10 асистенции) во победата на Хјустон против Минесота 117:111, Виктор Вембањама го предводеше Сан Антонио против Јута со 34 поени (128:115). ), додека Никола Вучевиќ со 19 поени и 12 скока придонесе за победата на Чикаго над Вашингтон 127:108.
Спорт
(Видео) Гвардиола: Мораме да му помогнеме на Гвардиол
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го живее најтешкиот период во кариерата на „Етихад“.
За првпат во кариерата врза пет порази, а синоќа против Феенорд, во последните 15 минути неговиот тим испушти предност од 3:0, па освои само бод (3:3).
По овој колапс кој никому не му се случил во историјата Лигата на шампионите, Гвардиола ги искажа своите впечатоци.
„Изгубивме многу натпревари во последно време, ранливи сме, ни треба победа. Натпреварот беше добар за самодоверба, одигравме на добро ниво и тогаш… Имаме проблеми. Не морам ништо да им кажам на играчите. Тешко е да се проголта ова. Можевме повеќе, подобро. Не бевме доволно стабилни на крајот”.
Јошко Гвардиол одигра лош натпревар, им подари гол на гостите, а потоа лошо реагираше кога Феенорд намали на 2:3. Сето ова му се случи во рок од седум минути.
„Тој е млад, ќе учи. Ова е добро искуство за него. Тој беше најдобриот играч на теренот. Ќе згрешам ако посочам конкретен став во нашиот пораз. Тој е млад, ќе научи. Тој е фантастичен играч, сега повеќе од кога било треба да му се помогне“, истакна тој.
За прв пат во својата кариера, во својот 942. натпревар, Гвардиола виде дека неговиот тим не успеа да победи откако имаше три гола предност.
Сити викендов гостува кај Ливерпул во дербито на Премиер лигата, по што следуваат средбите со Нотингем Форест и Кристал Палас, а потоа и мечот во Торино против Јувентус во Лигата на шампионите.
Спорт
Хавиер Маскерано го презеде Интер
Фудбалскиот клуб Интер од Мајами го назначи Аргентинецот Хавиер Маскерано за нов тренер. Максерано потпиша тригодишен договор и ќе почне со работа кога ќе се комплетира документацијата. Тој на клупата го замени сонародникот Херардо Тата Мартино, кој поради лични причини го напушти клубот.
Маскерано неодамна работеше со репрезентацијата на Аргентина до 20 години и со олимпискиот тим. Така тој повторно ќе соработува со големата светска ѕвезда Лионел Меси.
Маскерано и Меси беа соиграчи во Барселона и во аргентинската репрезентација. Покрај со Меси, Маскерао во Барселона настапуваше и со сегашните играчи на Интер, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез, кои се очекува да бидат во клубот од Мајами и следната година.
„Да се биде во можност да водам клуб како Интер Мајами е чест и привилегија од која ќе се трудам да го искористам максимумот. Ме привлече непобитната амбиција и инфраструктурата на организацијата. Со нетрпение очекувам да работам со луѓето од Интер за да му помогнам на клубот да достигне нови височини“, изјави 40-годишниот тренер.
Откако Мартино го известил клубот дека заминува, Меси бил консултиран кого би сакал за тренер, па најверојатно Маскерано е доведен со негов благослов.
Мајами го имаше најдобриот учинок во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата со 22 победи, осум нерешени и четири порази и освои рекордни 84 бода, но не успеа да го мине првото коло од плејофот против Атланта.