Регион
Србија загубила 260 милиони евра поради царините на Косово

За осум месеци Србија загубила 260 милиони евра поради царините што ги воведе Косово.
Српскиот министер за трговија, Расим Љаиќ, за „Новости“ изјави дека за осум месеци, колку што се во сила царините на Приштина за производи од централна Србија, во Косово биле пласирани 260 милиони евра помалку стоки отколку во истиот период лани.
Тој предупреди дека долгорочните штети би можеле да бидат уште поголеми, а бизнисмените трајно да го загубат тој пазар.
„Грција го зголеми извозот кон Косово 3,5 пати во мај, Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска повеќе од 2,5 пати, а Македонија 50 проценти“, објави весникот.
Царините од 100 проценти на српските производи беа воведени на 21 ноември минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.