Македонија
Заев: Убеден сум дека делата на Гоце Делчев може само да нѐ поврзуваат
Ние му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање. Убеден сум дека делата на Делчев може само да нѐ поврзуваат. Ќе градиме пријателство и добрососедство бидејќи тоа им го должиме на сите идни генерации. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, кој се наоѓа во посета на земјава.
„По повод двегодишнината од потпишувањето на договорот со Република Бугарија, ние разговараме за соработка. В година јас и мојот пријател и колега Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од берлинскиот процес. Ефектите за поврзувањето се за сите граѓани од нашите две земји. Бизнисите го зајакнуваат нашето пријателство. Од бугарските компании влезени се 30,5 милиони евра по потпишувањето на договорот“, рече Заев.
Премиерот рече дека Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов се дел од поврзувањето на Северна Македонија и Бугарија и дека се радува на иницијативите што се поткрепени со културни творештва.
„Поттикнати од минатото и иднината, ние покажавме дека нашите спорови може да ги решаваме без посредници. Во месеците што се пред нас продолжуваме посветено и без предрасуди ќе ги решаваме“, додаде Заев.
Двајцата премиери, по заедничката прес-конференција, ќе заминат во црквата „Св. Спас“, каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.
Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

