Спорт
Кирјос: Имам психички проблеми
Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос се пожалил дека морал да го намали бројот на натпревари во сезоната „поради одредени психички проблеми“. Кирјос ова го изјавил во Вашингтон по победата на Жил Симон.
Кирјос, во осмина-финалето на турнирот во Вашингтон, го победи Симон со 6-4, 7-6. Ова е само трет пат сезонава Австралиецот да добие два меча во низа, откако во претходната рунда го победи и Американецот Сон Квијатковски.
„Не играв многу, бидејќи минувам низ тежок период и низ одредени психички проблеми. Сега сум задоволен поради победата“, рекол Кирјос.
Тенисерот од Австралија ја започна на 35 место на АТП-листата, ви текот на сезоната назадуваше до 52 место, а треба да „скокне“ за некое место по турнирот во вашингтон.
„Сенес играв добро и генерално сум задоволен од настапот, играв добар тенис. Знаев дека ме очекува цврст меч, бидејќи мојот противник е одлично физички подготвен“, завршил Кирјос.
Во четврт-финалето Кирјос ќе игра против Јапонецот Јошито Нишиока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025
Спорт
Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино
Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино.
Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука.
„Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради повреда“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Искрено ми е жал за навивачите кои се надеваа дека ќе ме видат како играм – вашата поддршка ми значи многу. Им посакувам на сите играчи неверојатен турнир и едвај чекам наскоро да се вратам на теренот со сите вас.“
Ѓоковиќ требаше да биде во таканаречената „Џими Конорс група“ со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Наместо него, Мусети ќе игра во Торино.
Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и Феликс Оже-Алијасим играат во „Групата Бјерн Борг“.
Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември, а првиот ден на програмата се натпреварите Алкараз – Де Минор (14) и Зверев – Шелтон (20:30).
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.

