Црна хроника
Затвор од 12 години за братоубиството во сервисот за миење возила

Скопјанецот кој го уби својот брат со нож доби 12 години затворска казна.
Одбраната на 65-годишниот скопјанец не е задоволна од пресудата и е револтирана оти судот не зел во предвид дека браќата биле со години скарани и се напаѓале еден со друг.
Скопјанецот минатата година го избоде со нож својот помлад брат во сервисот за миење на возила „Монца“ на улица „Иво Лола Рибар“ во центарот на Скопје. Сопственици на сервисот биле и двајцата браќа, а расправијата настанала токму поради сервисот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 19-годишник од Битола: возел со 104 км на час на место каде што брзината е ограничена на 50 км на час

Вчера во 18:30 часот на улицата „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а – „безобѕирно управување на моторно возило“.
Црна хроника
Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.
Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
30-дневен притвор за две лица од Кочани: кај нив пронајдена дрога

На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани.
При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени.
Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на претходна постапка, кој им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.