Европа
Германија заплени 4,5 тони кокаин
Германските царински власти запленија 4,5 тони кокаин во контејнер од Уругвај, чијашто проценета улична вредност изнесува речиси една милијарда евра.
Царинската канцеларија во Хамбург наведе дека дрогата била запленета пред две недели кога бил проверен контејнер што од Монтевидео до Антверпен во Белгија, пренесе „АП“.
Во документите се наведува дека контејнерот бил исполнет со соја, но царинските службеници виделе црни спортски торби кога ги отвориле.
Тие пронашле повеќе од 4200 пакувања кокаин во 211 кеси, што е најголемата заплена на кокаин во Германија досега.
Царинската канцеларија соопшти дека дрогата веќе е уништена во услови на строга доверливост и безбедносен протокол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ураганот Кирк пристигнува во Европа
Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со брзина од 290 километри на час и ќе остави пустош по него.
Во исто време кон Европа се движи уште една бура – ураганот Кирк, пишува Euronews. Иако Кирк повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела.
„Ова повеќе не е тропска бура со типична тркалезна, симетрична облачна структура и мирно око во центарот“, објаснува метеорологот Ларс Ловински за Euronews.
Кирк првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Дури накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. „Сега ќе остане многу силна бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја гледаме над Северен Атлантик и Западна Европа во текот на есента и зимата“, објаснува Ларс.
When #Kirk reaches Europe it will no longer be a hurricane, but the storm could still bring strong winds to parts of Spain, Portugal, France, Belgium, and the UK next week.
This map shows the latest ICON wind gusts forecast plus the latest forecast path from the NHC: pic.twitter.com/G5fuAVBtfZ
— Zoom Earth (@zoom_earth) October 5, 2024
Кирк ќе биде првиот таков систем оваа сезона, која вообичаено ќе трае од октомври до март во Европа.
Приближувајќи се кон европското копно, Кирк најверојатно од денес ќе почне да влијае на северна Португалија и северозападна Шпанија. Можни се многу силен ветер и пороен дожд пред да пристигне главниот систем.
Иако сè уште не е целосно јасно колкава штета ќе предизвика на западниот брег на Европа, бурата потоа ќе продолжи да се движи кон исток и северо-исток и од оваа вечер ќе стигне до Франција.
Ларс, исто така, предупредува дека обилниот дожд ќе претставува закана, главно во централните и северните делови на Франција. Можно е дождовите да ја зафатат и Белгија и западна Германија.
Обилните дождови може да предизвикаат и поројни поплави и поплави на реките, а во најлош случај и лизгање на земјиштето во планинските области.
Синоптичарите, исто така, велат дека Кирк би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер во делови од Велика Британија – но сè уште не е јасно колку точно ќе бидат силни.
Европа
Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома
Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Популарноста на Володимир Зеленски е на најниско ниво. Да се гласаше денеска ќе беше поразен. На Украина и требаат избори што е можно поскоро за да го врати своето политичко лидерство. За жал, треба да почекаме: нема да можеме да одиме на избори се додека земјата е под руска закана“, рече Хрицак.
Тој објасни зошто сега не може да се одржат избори. „Ова не е можно од практична гледна точка, со дел од окупираната територија, толку многу граѓани во странство или под бомби. Постои и ризик од ослободување на внатрешните тензии, кои не слабеат“, нагласи тој.
Тој смета дека популарноста на Зеленски паѓа поради две причини. „Првата причина: тој не можеше да освои ниту една победа повеќе од една година. Освен можеби напредокот во регионот Курск, кој, сепак, може да се покаже многу кревок. Втората причина: Зеленски не третира како да сме децата кои не се способни за расудување и на кои не треба да им се кажува вистината“, рече тој.
„Зеленски продолжува да ја повторува херојската приказна од првите месеци, според која мораме да останеме обединети и да се бориме за ослободување на сите региони окупирани од Русите, вклучувајќи го и Крим. Но, никој повеќе не ја прифаќа оваа приказна: очигледно е дека не може да се врати на границите од 1991 година и во секој случај тоа би довело до многу смртни случаи и уништувања, што земјата не може да ги поднесе во реалноста“, продолжи тој.
Тој предвиде и кој ќе победи на претседателските избори денеска. „Последните анкети укажуваат на јасна предност на поранешниот шеф на вооружените сили Валериј Залужни“, предупреди Хрицак.
Тој не е сигурен дека Зеленски е свесен за проблемот. „Тој се опкружи со лојални спроведувачи кои се обидуваат да го држат подалеку од лошите вести. Сржта на проблемот останува неговата желба да ја концентрира моќта во свои раце: тој избира соработници врз основа на лојалност, а не на професионализам“, рече тој.
„Имаме традиција на претседател кој се обидува да владее во стилот на неговата претходна работа. Зеленски беше добар актер и се уште се однесува така. Тој сонува да ја игра улогата на украинскиот Черчил. Итноста на војната му помогна: тој го отелотворуваше дарежливиот и храбар волонтеризам на Украинците, кои сакаа да се борат по секоја цена“, истакна тој.
„Но, играта стана потешка кога стана јасно дека војната ќе се одолговлекува и дека треба да се развијат иновативни политики на отпор. Го споредувам со Горбачов: многу популарен на почетокот, но потоа сè поизолиран; почитуван па дури и сакан во странство, но презрен дома“, додаде тој.
Тој ја поддржува идејата за опозиција која сака да создаде влада на национално единство за да преговара со Путин. „Да, тоа би можело да биде решение. Зеленски не е систематски мислител, му требаат стручни советници кои развиваат долгорочни политики и стратегии. Треба да преминеме од надеж за победа во политика на опстанок. Но Путин победува, обидувајќи се да земе што е можно повеќе од Украина, тој не е подготвен на компромиси“, истакна тој.
Тој се осврна и на напредувањето на руската армија во Донбас. „Ова е класична војна на трошење. И војните како оваа завршуваат со колапс на една од двете армии. Резултатот зависи од тоа колку долго општеството е подготвено за жртви. Но, засега не гледам никакви знаци на колапс на Украина. “ рече тој.
„Очигледно, западната помош и ракетите со долг дострел играат централна улога. Ситуацијата овде е тешка. Но, во Русија може да биде полошо. Се чини дека повеќето Руси сакаат војната веднаш да заврши“, заклучи тој.
Европа
(Видео) Украинците најдоа начин да ги направат американските тенкови уште помоќни
По 15 месеци непрекинати борби во најжестоките битки на украинскиот фронт, елитната 47 механизирана бригада на украинската армија конечно доби дозвола да го напушти источниот фронт и да замине на одмор на почетокот на минатиот месец.
Бригадата ги донесе со себе преостанатите тенкови М-1 Абрамс од американско производство. 31 од нив го опремиле единствениот тенковски вод на бригадата, а сега ги добија многу потребните надградби.
Improved AFU Abrams – standard anti-drone folding shield and installation of “Kontakt-1” on areas uncovered by ARAT, including the roof and gunner sight + ECM. Also on the footage is another variant of Metinvest's upper projection protection. pic.twitter.com/jdawvU5FWa
— Andrei_bt (@AndreiBtvt) October 7, 2024
На почетокот на неделата бригадата објави видео на кое се гледа надградбата на преживеаните тенкови. Тенкот има реактивен оклоп од страна, а Украинците го надградија со дополнителен оклоп на куполата, како и заштита од дронови и заглавувачи, пишува Форбс.
Така, бригадата направи се што е во нивна моќ да ги зачува тенковите што ги имаа на располагање најдобро што може. САД, исто така, испратија стотици борбени возила М-2 Бредли во Украина за да ја одржат бригадата целосно опремена со модерни возила, иако нејзините водови претрпуваат големи загуби.