Црна хроника
Во пожар изгореа 50 сандаци со пчели во Скопско

Вчера околу 15,15 часот било пријавено дека во село Бучинци-Скопско избувнал пожар и горела поголема површина на сува трева. Од пожарот биле зафатени околу 50-тина сандаци со пчели сопственост на Д.Р. (50) од скопското село Марино. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени при претрес во Тетово

Вчера во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен елефон и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.