Спорт
Халилхоџиќ замина од Нант, ќе ги преземе Мароко

Вахид Халилхоџиќ повеќе не е тренер на Нант, потврди клубот што се натпреварува во најсилната француска конкуренција, Лига 1.
„Вахид Халилхоџиќ побара да го раскине договорот. По состанокот со претседателот договорот беше постигнат. Клубот жали поради заминувањето, но во исто време ја почитува одлуката и му посакува се најдобро во иднина“.
Халилхоџиќ нема да остане без работа ниту еден ден. Тој веќе се договорил со Фудбалскиот сојуз на Мароко да ја преземе репрезентацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Маестрален гол на Меси во ремито на Мајами

Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, со два прекрасни гола и уште еден кој му беше поништен на Меси.
Меси постигна гол во 39. минута од работ на шеснаесетникот во негов стил биеше во десниот агол на голманот. Следуваше голема радост, која беше прекината бидејќи судијата по консултација со ВАР оцени дека Аргентинак направил прекршок на стартот од акцијата.
Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Торонто поведе по соло акцијата на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.
Сепак, Меси успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Од работ на шеснаесетникот, Меси со полуволеј ја испрати топката во долниот лев агол.
Во преостанатиот дел од натпреварот Интер доминираше, имаше дури 11 удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.
Спорт
(Видео) Јокиќ брилијантен, Денвер Нагетс повторно поразени

Денвер загуби од Индијана 120:125 и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра уште еден маестралнен натпревар. Српскиот центар го забележа 32.трипл-дабл во сезоната и сега е единствен со ваков учинок во една сезона, кога станува збор за високите кошаркари. На листата го мина легендарниот Вилт Чембрлен.
Актуелниот МВП, Никола Јокиќ, натпреварот го заврши со 41 поен, 15 скока и 13 асистенции. Кристијан Браун постигна 30 поени, осум скока и четири асистенции, Расел Вестбрук 16 поени, пет скока и четири асистенции, а Мајкл Портер 15 поени, шест скока и четири асистенции.
Индијана ја предводеа Мајлс Тарнер со 24 поени и Оби Таупин, кој само вторпат сезонава беше стартер со 22 поени. Ендрју Нембхард додаде 19 поени и шест скока, а Тајрис Халибартон девет поени и 14 асистенции.
Денвер моментално е четврти на Западот со скор 47-32, додека Индијана е на истата позиција во Источната конференција со скор 47-31.
НБА, резултати:
Шарлот – Чикаго 117:131
Бруклин – Торонто 109:120
Оклахома – ЛА Лејкерс 99:126
Портланд – Сан Антонио 120:109
Кливленд – Сакраменто 113:120
Бостон – Вашингтон 124:90
Атланта – Јута 147:134
Њујорк – Феникс 112:98
Денвер – Индијана 120:125
Голден Стејт – Хјустон 96:106
Њу Орлеанс – Милвоки 107:111
Спорт
Лејкерси ја декласираа Оклахома – Дончиќ броеше до 30

Лос Анџелес Лејкерс го декласира лидерот во НБА лигата Оклахома Сити Тандер и се пробија на третото место на табелата во Западната конференција. Лејкерси славеа во Оклахома со 126:99.
Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 30 поени (11/20 од поле и 5/11 за тројки) со седум скока и шест асистенции, додека 26 поени, девет асистенции и три скока забележа најдобриот играч на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер, кој воопшто не играше во последната четвртина.
Од редовите на победничкиот тим се истакнаа Остин Ривс со 20 и 40-годишниот Леброн Џејмс со 19 поени.
Лејкерси го совладаа најдобриот тим на Западот и најдобрата одбрана во лигата, постигнувајќи речиси исто толку поени (78) на полувремето како и во првиот натпревар меѓу овие два тима оваа сезона (93).
Ова беше втор пораз во низа за Оклахома но нема да промени ништо бидејќи се први на Западот.
Интересно е што Шеј Гилџес-Александер не изведе ниту едно слободно фрлање, што му се случува прв пат по 2021 година.
Во ниту еден момент од овој натпревар Оклахома не беше блиску до победата, најдобрата одбрана во лигата, во првата четвртина прими 42 поени.
Лејкерси во втората четвртина брзо дојдоа до +29, а во првото полувреме реализираа дури 15 тројки од 22 обиди. Мечот го завршија со 22 погодени тројки од 40 обиди.