Црна хроника
Ги нападнал полицајците и болничкото обезбедување додека се обидувале да го сместат во „Бардовци“
Триесет и седумгодишен скопјанец, физички ги нападнал полициските службеници и болничкото обезбедување при спровод во Психијатриската болница-Бардовци.
МВР јави дека во случајот била повикана полициска асистенција, за помош на службата на итната медицинска помош.
Мажот на крајот бил однесен во болницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
Синоќа во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.
Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден пешак, удрен со возило во Илинден
Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Маж од Прилеп се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал
Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.