Свет
Ново пукање во САД, убиени се 9 лица

Девет лица се убиени, а 16 се повредени во ново пукање во САД, во Охајо, само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде беа убиени 20, а ранети 26 лица.
Напаѓачот отворил оган во Дејтон, по што бил убиен од страна на полициските службеници, соопшти полицијата.
Here’s a three-part Facebook video from the scene of a shooting that happened in the Dayton, Ohio Oregon district. Video taken by Dougie Doug. 1/3 pic.twitter.com/zTapEqFWXi
— Chad Baker (@ChadBlue83) August 4, 2019
Претходно медиумите јавија за смртта на 10 лица.
People down in #oregondistrict #dayton ??❤️❤️ WHY THE FUCK IS THIS HAPPENING SO CLOSE TO HOME ??❤️❤️ pic.twitter.com/LiKdFi4pd4
— True Tilo (@truetilo) August 4, 2019
На снимките од лице место се гледаат бројни возила на итните сужби, а според известувањата на социјалните мрежи пукањето се случило пред бар.
2/3 pic.twitter.com/ugPqlnxslF
— Chad Baker (@ChadBlue83) August 4, 2019
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Европската комисија денес објави дека го додаде Монако на листата на земји со „висок ризик“ во однос на перењето пари, како и дека ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата.
Европската комисија се согласи со „сивата листа“ на Работната група за финансиски дејствија (FATF), меѓународно тело задолжено за евалуација на активностите на земјите во борбата против перењето пари.
Монако е на нивната листа од 2024 година.
Свет
Серија смртоносни напади во Колумбија: „Се вративме во ерата на нарко-картелите“

Во бран бомбашки и вооружени напади во југозападна Колумбија беа убиени најмалку седум лица.
Двајца полицајци се меѓу убиените, според извештаите на медиумите. Нападите биле насочени кон третиот по големина град во земјата, Кали, и неколку околни градови.
Нападите наводно вклучувале автомобили-бомби, мотоцикл-бомби, огнено оружје и наводно беспилотно летало. Колумбиското Министерство за одбрана соопшти дека имало вкупно 19 напади. Локалните медиуми поврзаа некои од нападите со фракција на поранешната герилска група ФАРК (Револуционерни вооружени сили на Колумбија), но Би-би-си не можеше независно да го потврди ова.
Нападите биле насочени кон полициски станици, згради на локалната самоуправа и цивилни објекти, додека Колумбија се бори со продлабочување на безбедносната криза. Според Ројтерс и АФП, полицијата потврди седум смртни случаи и меѓу 28 и повеќе од 50 повредени.
Министерството за одбрана соопшти дека 12 од нападите биле во регионот Каука, а седум во регионот Вале дел Каука, кој го вклучува градот Кали. „Ова е очајна реакција на нелегалните вооружени групи на обемните воени и полициски операции кои сериозно влијаеле на нивната криминална инфраструктура и приходи“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Градоначалникот на Кали рече дека градот „се вратил во 1989 година“, осврнувајќи се на периодот кога бил опустошен од нарко-картели и трговија со дрога.
Свет
САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии

Соединетите Американски Држави и Кина тврдат дека во принцип се согласиле за рамка за деескалација на трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот, објави Би-Би-Си. Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, изјави дека договорот треба да доведе до решавање на ограничувањата наметнати на ретките минерали и магнети.
Двете страни изјавија дека ќе го однесат планот до своите претседатели, за одобрување. Соопштението дојде по дводневните разговори во Лондон меѓу лидерите од Пекинг и Вашингтон. Кинескиот извоз на ретки минерали, клучни за модерната технологија, беше една од главните теми на состаноците. Вашингтон и Пекинг се согласија на привремено примирје минатиот месец за трговските тарифи, но двете земји оттогаш се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот.
САД изјавија дека Кина е бавна кога станува збор за извоз на ретки минерали и магнети, неопходни за производство на уреди како што се паметни телефони или електрични возила. Во меѓувреме, Вашингтон го ограничи пристапот на Кина до американски стоки како што се полупроводници и други технологии поврзани со вештачката интелигенција.
„Постигнавме рамка за спроведување на консензусот од Женева“, изјави Лутник пред новинарите. „Откако претседателот ќе го одобри, ќе се обидеме да го спроведеме“, додаде тој.
Новата рунда разговори доаѓа по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Шји минатата недела, кој американскиот претседател го опиша како „многу добар разговор“.
„Двете страни во принцип постигнаа рамка за спроведување на консензусот постигнат од двајцата шефови на држави во телефонскиот разговор на 5 јуни и консензусот постигнат на состанокот во Женева“, рече кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченгганг.