Црна хроника
Ограбена продавница во Визбегово
Вчера во 14,40 часот во СВР Скопје, Е.Р (27) од Скопје, пријавила дека во селото Визбегово во колонијална продавница едно лице со закана одзел пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени рзабојници кои ограбија финансиско друштво во Скопје, биле барани и со потерница поради бегство од затвор
Полицијата уапси двајца разбојници кои на 03.12. извршија разбојништво во финансиско друштво во Скопје, а истите биле барани и со потерници поради бегство од затвор.
На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола. Тие се сомничат дека на 03.12.2025 околу 18:40 часот во финансиско друштво на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со закана од вработената одзеле пари.
Кај нив се пронајдени пари за кои постои сомние дека потекнуваат од кривичното дело, а кај А.Ж. е пронајдена и грутчеста материја.
По преземени мерки констатирано е дека двајцата биле барани по централни потерници поради бегство од затвор. А.Ж. е баран за доиздржување затворска казна од 12 години, а К.Б. од три месеци.
Двајцата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи за доиздржување на казните и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.

