Спорт
НФЛ-ѕвездата Антонио Браун објави вознемирувачка фотографија на своите стапала

Ѕвездата на НФЛ, Антонио Браун (31) реши да им покаже на своите фанови зошто е на списокот на повредени и објави фотографија на своите стапала, која потоа ја споделија бројни медиуми во светот.
„Јас ќе бидам фер. Едни од најодвратните стапала што сум ги видел. Посакувам да не го видев ова“ е еден од коментарите на „Твитер“, каде што исто така беше споделена фотографијата.
Nobody needed to see Antonio Brown’s feet pic.twitter.com/HwRx9ZEZSH
— Barstool Sports (@barstoolsports) August 4, 2019
Браун пристигна во Оукланд рајдерс од Питсбург стилерс и потпиша тригодишен договор вреден 73 милиони американски долари. Тој се смета за една од клучните фигури во тимот на тренерот Џон Груден (55). Сепак, по неговото спектакуларно пристигнување, тој тренираше само 30 минути, што покрена многу прашања за неговото присуство на списокот на повредени, па затоа тој реши да објави фотографија на неговите стапала.
„Атлетик“ објави дека Браун посетил лекар минатиот викенд и не очекува премногу долго да биде надвор од терените.
„Сите сме разочарани. Сакам да ја започнам таа забава“, рече Груден.
Браун, кој на „Инстаграм“ го следат повеќе од 3,3 милиони луѓе, фотографијата ја споделил на InstaStory каде што некои на шега го нарекоа Фред Кременко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебо пристигна на „Маракана“ – Нигериецот ја засили Црвена звезда

Френклин Тебо Учена е новото засилување на Црвена звезда, објави спрскиот шампион на социјалните мрежи.
Тебо, кој игра на позицијата стопер, потпиша тригодишен договор со црвено-белите, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Финансиските детали не се откриени, медиумите шпекулираат дека црвено-белите платиле 2.700.000 евра. Тебо на грбот ќе го носи бројот 30.
Роден е на 15 јануари 2000 година во Абуџа, Нигерија. Во Европа пристигна од Насарава јунајтед. Играше за Хаекен во Шведска, а потоа стана играч на Сарпсборг во 2023 година. Одигра 60 натпревари за норвешкиот тим и постигна пет гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мареска побара да му донесат уште еден централен дефанзивец

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок.
Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент.
„Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе видиме кои се нашите опции“, рече Мареска пред почетокот на Премиер лигата и натпреварот со Кристал Палас.
Сепак, медиумите објавуваат дека Челзи ќе купи нов стопер само ако Аксел Дисаси или Беноа Бадијашил си заминат.
Засега, единствениот сигурен стопер е Тосин Адарабиојо, додека можно е негов партнер во одбраната да биде засилувањето од Ајакс, 19-годишниот Хато.
Челзи ја отвора сезоната во недела во 15:00 часот кога ќе го пречека Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.
Foto/ EPA/Jakub Kaczmarczyk
Спорт
Рома води во трката за потписот на Санчо

За Џејдон Санчо нема место во Манчестер јунајтед. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, ја освои Конференциската лига, но „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Бидејќи се откажаа му платија осум милиони евра на Манчестер јунајтед.
До крајот на летото Санчо ќе има нов клуб, а според информациите најблиску е до преселба во Рома.
Римјаните тргнаа во офанзива по потписот на Санчо, откако преговорите со Јувентус, а претходно и со Наполи беа неуспешни. Во еден момент, Борусија Дортмунд исто така беше сериозна опција, но Германците не беа конкретни со својата понуда.
Јунајтед е подготвен да го пушти на позајмица, но со задолжителен откуп следното лето. Наводно, Јунајтед бара 20.000.000 фунти, или околу 23.000.000 евра, но следното лето, до кога Рома би го покрила поголемиот дел од приходите на Санчо.
Новиот тренер Џанпјеро Гасперини веројатно верува дека може да го разбуди Санчо и да го искористи неговиот талент.
Фото/ Принтскрин