Економија
(Видео) Трипуновски: СДСМ со новиот закон за земјоделско земјиште ќе дозволи никнување на кафани и ресторани

Зоран Заев и СДСМ наместо да обезбедат откуп и подобри откупни цени на земјоделските производи, со новиот Закон за земјоделско земјиште им даваат можност на нивните партиски шефови да градат кафани, ресторани и спортски терени дури и на земјоделско земјиште од прва категорија, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова значи дека среде кочанско, струмичко или пелагониско поле наместо садење подобри култури и подобрување на условите за одгледување на земјоделски култури, ќе никнуваат кафани и ресторани. Ова не е во полза на земјоделците, ова е во полза на партиските моќници на СДСМ.
Дури и министерот Димковски на денешната прес конференција не веруваше во лагите кои ги читаше и не успеа да го покрие криминалот кој што ќе се случува во иднина со земјоделското земјиште во Република Македонија.
Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле? Кој треба да се офајди и за кого правите дупки во Законот за земјоделско земјиште?
Со новиот Закон за земјоделско земјиште и измените во делот на градење, не се помага на земјоделците, чии реални потреби се изградба на земјоделски објекти, помошни објекти за вршење на земјоделска дејност како силоси и складишта и други објекти, туку се отвора можност за изградба на угостителски објекти и објекти за спортско рекреативни активности на земјоделско земјиште.
Според сите нормативи, но и се поголемата потреба од земјоделско земјиште и производство на храна за одржување на земјоделското земјиште врвен приоритет во светот е истото. Истото треба да се користи за производство на храна, а не за подигање на кафеани, ресторани, хотели, спортски терени и други објекти од неземјоделска дејност.
Почитувани,
СДСМ две ипол години со прст не мрдна да го подобри откупот и да влијае на зголемување на откупните цени на земјоделските производи во Република Македонија. Сега СДСМ откако сите земјоделци ги исекоа своите стебла јаболка, сливи и други земјоделски култури се расфрлаат со чист популизам преку новиот Закон за земјоделско земјиште, без кои не нудат конкретни решенија.
Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, две ипол години земјоделците плачат од безидејноста на СДСМ и кадрите на СДСМ.
Нема подобри услови за земјоделците, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ“ истакна Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

Во салата на киното „Манаки“ во Битола денеска беа презентирани мерките од оперативниот план за вработување за 2025 година.
Пред голем број граѓани претставниците од Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемаштво), каде што јавните повици се објавени и сите заинтересирани може да се пријават до 20 јуни.
„Со мерките за самовработување на сите невработени лица им даваме финансиска поддршка за отворање сопствен бизнис, која се движи од 7.000 до 10.000 евра, а со здружување две лица од 14.000 до 20.000 евра. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица што се заинтересирани да се пријават во кој било од 30-те центри за вработување при Агенцијата за вработување во државата“, рече заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.
Во рамките на јавните повици од мерката 1, „Поддршка за самовработување (претприемаштво)“, во тек се три јавни повици, со кои им се дава можност на повеќе од 1.700 лица да отворат сопствен бизнис и со нив се предвидени:
– финансиска поддршка во форма на грант до 7.000 евра за основање и почнување бизнис за лица постари од 29 години;
– финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра за основање и почнување бизнис за млади лица до 29 години;
– финансиска поддршка за здружување две лица во ДОО, каде што таа изнесува од 14.000 до 20.000 евра во зависност од целните групи.
Економија
Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да се намалат царинските давачки на голем број суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија и во енергетиката, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Списокот со 70-ина производи, кој е составен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора, вклучува намалување до 50 % на царинските стапки што важат во ЕУ, како и укинување на царините за увоз од САД. Овие измени ќе значат пониски трошоци за домашното производство, а со тоа зголемена конкурентност на странските пазари, нови инвестиции и повеќе вработувања“, рече таа.
Укинувањето на царините за стоките по потекло од Соединетите Американски Држави, пак, додаде Стојаноска, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, со кој испраќаме сигнал за зголемена подготвеност за соработка со нашите стратешки партнери и поддршка за слободната трговија.
„Со оваа законска измена македонските компании ќе станат поконкурентни, ќе се намалат цените за производство и ќе се зголеми извозот, со што директно ќе влијае на растот на економијата. Ова е само еден чекор од поширокиот план за економски раст. Клучна измена со која се посветуваме на економијата во пракса, а не само на хартија“, рече Стојаноска.
Економија
Цените на нафтата го забележаа најголемиот скок во последните неколку години поради стравот од војна

Глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти забележувајќи го најголемиот дневен процентен пораст од март 2022 година поради стравувањата дека потенцијалното проширување на конфликтот на Блискиот Исток би можело да предизвика големи прекини во снабдувањето со енергија.
Цената на „Брент“, меѓународниот референтен стандард, се зголеми за 4,3 проценти, на 72,40 долара за барел, а американската референтна нафта West Texas Intermediate (WTI) скокна за 5 проценти, на 71,40 долар за барел.
Според „Ројтерс“, ова се најголемите еднодневни скокови за двете референтни цени на нафтата од март 2022 година кога почна војната во Украина.
„Остриот пораст на цените на ‘Брент’ ги одразува не само тековните ризици за снабдување туку и растечкото чувство дека потенцијалната ескалација на конфликтот би можела да трае за разлика од претходните краткотрајни епизоди меѓу Израел и Иран“, рече Ахмад Асири, истражувачки стратег во „Пеперстоун“.
Нервозата на пазарите дополнително се потврдува со движењата на американските берзи, пренесува „Танјуг“.