Вести
Ирачките Курди ги напаѓаат позициите на IS во Ирак, во Сирија убиени 70 џихадисти

Курдски борци во петокот поведоа офанзива за да ја преземат контролата врз градот Џалавла, североисточно од ирачката престолнина Багдад која неодамна беше заземена од борците на Исламската држава (IS), додека во градот Рака во северна Сирија најмалку 70 џихадисти на споменатата радикална група д средата загинале во жестоките напади на сириската армија на претседателот Башар ал-Асад.
Курдски борци во петокот поведоа офанзива за да ја преземат контролата врз градот Џалавла, североисточно од ирачката престолнина Багдад која неодамна беше заземена од борците на Исламската држава (IS), додека во градот Рака во северна Сирија најмалку 70 џихадисти на споменатата радикална група д средата загинале во жестоките напади на сириската армија на претседателот Башар ал-Асад.
Во битката за враќање на контролата врз Џалавла која од 11-ти август е во рацете на џихадистите загинал засега непознат број луѓе на двете страни, изјави за AFP Ширко Мирва, челник на Патриотскиот сојуз на Курдистан (UPK), едена од главните партии во полуавтономната курдска покраина во северен Ирак. „Пешмергите (милициите на ирачките Курди) тргнаа кон Џалавла од повеќе насоки пред мугрите“, додал Мирва истакнувајќи дека борците веќе заземале повеќе позиции и ги отсекле бунтовниците. Друг челник на UKP, Мула Бахтијар потврдил дека операцијата е во тек. Според него, Курдите загубиле најмалку десет борци во борбите за ослободување на градот од џихадистите.
Џалавла, 130 километри североистично од Багдад и 30-ина километри од иранската граница, е стратешко место и едно од најтешките на фронтот кој се протега околу илјада килоемтри во должина кој го бранат ирачките Курди.
Во соседна Сирија, каде што исто така Исламската држава контролира големи територии, од средата загинале најмалку 70 џихадистички борци во жестоките борби со сириската владина армија во покраината Рака во северниот дел од земјата, објави во петокот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, која се потпира на извештаите на своите активисти на теренот. Борбите траат на приодите од воениот аеродром во Табка, единствената база на силите на претседателот Башар ал-Асад во покраината Рака. Борбите во оваа област се водат до средината на август а добија на жестина во вторникот навечер откако џихадистите започнаа силна офанзива во близина на аеродромот кој го нападнале со моторизирани сили, но според SOHR не успеале да напредуваат.
„Најмалку 70 борци на Исламската држава загинаа од средата наутро во воздушни напади на армијата, од ракети ’скад’ и експлозии на мини“, изјави за AFP Рахман Апделрахман, директорот на SOHR.
Сириската армија во четвртокот испратила засилувања кои со хеликоптери слетале на аеродромов во Табка. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.