Регион
Турската Влада уништи 300.000 книги
Од обидот за државен удар во Турција пред три години од училиштата и библиотеките уништени се над 300.000 книги, соопшти Министерството за образование.
Како што пишува британски „Гардијан“, режимот вели дека урива се што има врски со Фетулах Ѓулен, муслимански проповедник кого Анкара го обвинува за обид за државен удар.
Турскиот министер за образование минатата недела објави дека се уништени 301.878 книги бидејќи Владата уништува сè што има врска со Ѓулен. Тој податок прв го изнесе весникот „Хуриет“ со фотографии од запленети и запалени книги, кои ги објавил сајтот „Кронос27“.
Според извештаите, улиците со името на Ѓулен во Анкара исто така се променети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Регион
(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб
Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“.
Полицијата ја опколила областа, а потоа работата ја презеле во свои раце пожарникарите и комуналните служби.
„Граѓаните и туристите го искористија денешното убаво време за да се прошетаат низ центарот на метрополата. Сепак, во популарниот загрепски сообраќаен шпиц околу 13 часот, на повик на загрижени минувачи пристигна полицијата, а потоа и загрепските пожарникари“, пишува „Јутарњи лист“.
Загрепските пожарникари ги извадиле остатоците од почетниот дел од фасадата кој не престанал да се распаѓа.
Според „Јутарњи лист“, отстранети се околу два метри материјал кој претставувал сериозна опасност.
За среќа нема повредени, а се уште не е позната висината на материјалната штета.
Во Загреб веќе се случи дел од фасадата да се откине од зградите во самиот центар на градот.
Пред само неколку недели, дел од фасадата се откина од зграда, исто така во близина на главниот плоштад во Загреб.
Минатото лето, дел од фасадата падна во близина на Хрватскиот народен театар, а пожарникарите потоа извадија приближно три квадратни метри од фасадата, која се закануваше да падне врз минувачите.
Исто така, во февруари годинава на аголот од улиците Илица и Томиќева од објектот паднало парче фасада, при што немало повредени.