Спорт
Бејл и Манџукиќ во пакет на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јуатед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе во своите редови хрватскиот голгетер, Марио Манџукиќ, но заедно со него кај „ѓаволите“ треба да се појави и Велшанецот, Герет Бејл од Реал Мадрид, пишуваат англиските медиуми.
Во врска со ова се огласи и екс-напаѓачот на Јунајтед, Луис Саха.

„Искуството на Манџукиќ би било од огромно значење за враќањето на Јунајтед меѓу четирите најдобри екипи во Премиерлигата. На тимот му треба токму таков играч, кој ќе ги инспирира останатите, знае што е потребно и дава голови секаде каде што настапувал“ – вели Саха споредувајќи го Хрватот со Златан Ибрахимовиќ.
Доколку „црвените ѓаволи“ ги донесат во Манчестер и Манџукиќ и Бејл, тоа би било сензација во фудбалскиот свет.
„Не ми е јасно зошто Јунајтед веднаш не ја искристи ситуацијата на Бејл во Реал за да го доведе. Луѓето велат дека е склон на повреди, но тој е играч кој сам може да добие натпревар“ – вели Саха за Валшанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи го совлада Флуминенсе со 2:0 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Челзи обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство со убедлива победа од 2:0 над бразилскиот тим Флуминенсе. Натпреварот се одигра на стадионот „Метлајф“ во САД, каде што англискиот претставник доминираше во текот на целиот меч.
Двата гола за „сините“ ги постигна Жоао Педро, во 18. и 56. минута, носејќи му на Челзи сигурна предност и контрола над играта. Педро е поранешен играч на Флуминенсе, па со вечерашните два гола успеа да го елиминира својот поранешен клуб.
Флуминенсе не успеа да се закани сериозно, и покрај неколкуте обиди во второто полувреме.
Челзи сега го очекува финалето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Ахли.
Спорт
Шкендија одигра нерешено, 0:0, против ТНС во Велс, реванш во вторник во Скопје

Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0, на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија.
Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од четири минути.
Судија на натпреварот беше Ирецот Роб Хенеси.
0:0 останува стартен резултат за реваншот кој ќе биде за седум дена, во вторник на 15 јули, во Скопје.
Спорт
(Видео) Најдобриот скијач во светот одмара во Хрватска

Светскиот шампион во скијање Марко Одермат објави видео од Хрватска. Брилијантниот Швајцарец одмара, сурфајќи користејќи специјална даска со електричен мотор. Одермат е на одмор со пријатели, а со него е и Џино Кавизел, исто така швајцарски скијач и редовен учесник во трките од Светскиот куп. Одермат го сподели видеото на Инстаграм.
Марко Одермат е најдобриот скијач во светот. Специјализиран е во велеслалом и супер-џи. Неговата професионална кариера започна во текот на сезоната 2020/21, кога ги постигна своите први победи во Светскиот куп. Во последниве години, Одермат ја зацврсти својата позиција како еден од најдобрите скијачи во светот.
Во сезоната 2021-22 ја освои титулата во Светскиот куп, станувајќи првиот швајцарски скијач што ја освоил оваа престижна титула од 1992 година. Покрај титулата во Светскиот куп, Одермат го освои златниот медал во велеслалом на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг.
Тој, исто така, освои медали на Светските првенства, вклучувајќи го и златото во велеслалом на Светското првенство 2021 во Кортина д’Ампецо. Минатата сезона го освои Големиот кристален глобус со голема разлика.