Црна хроника
Гостиварки уценувале девојка со компромитирачки материјали
Вчера биле приведени две девојки на 21 и 18-годишна возраст, двете од Гостивар, поради сомнение за уцена на 27-годишна девојка.
Тие од жртвата барале пари и мобилен телефон, а во спротивно ѝ велеле дека ќе објават нејзини компромитирачки материјали.
По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на „Youtube“.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.
Црна хроника
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
Денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ј.Ј.(22) и Д.Д.(47), двајцата од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом во Скопје, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден од струен удар
Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека, при извршување работни задачи за приватна фирма во трафостаница на подрачје на Гази Баба, С.М.(56) од Скопје се здобил со струен удар и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Во болницата му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.