Македонија
(Видео) Арсовски: Целиот тендер и грабеж што се подготвува за клиничкиот центар во Скопје е класично лудило
Зоран Заев и Венко Филипче го подготвуваат најголемиот грабеж на Република Македонија и граѓаните кои живеат во неа во вредност од половина милијарда евра. 500 милиони евра е сума што ќе биде ограбена од граѓаните и од државата од страна на Зоран Заев и Венко Филипче, кои се Влада во заминување и им се гледа крајот многу брзо.
„Целиот тендер и грабеж што се подготвува за клиничкиот центар во Скопје е класично лудило. Лудилото што ги има обземено Зоран Заев и Венко Филипче отиде толку далеку и ако на сите ни беше чудно како е можно да местат тендер од 35 милиони евра за реагенси, сега подготвуваат сомнителен тендер да ограбат половина милијарда евра од државата.
За почеток, да разјасниме дека кредитот од Развојната банка на Советот на Европа за клиничкиот центар беше 90 милиони евра и беше со каматна стапка од само 0.6%. Е сега, Зоран Заев и Венко Филипче го поништија истиот тендер, и со изменетиот Закон за јавни набавки распишаа нов во вредност од 500 милиони евра или 6 пати поголем од претходниот и тоа со комерцијални банки, конзорциум од три комерцијални банки каде што каматата нема теоретски шанси да биде под 2.5%, а според експертите, голема е веројатноста да достигне и над 3%.
Имено, во буџетот за 2019 година Зоран Заев и Венко Филипче не предвиделе пари за изградба на нов клинички центар во Скопје, велам пари, односно целосната сума потребна за клиничкиот центар. За изградба на клиничките центри во Скопје и во Штип во буџетот за оваа година се предвидени само 9.5 милиони евра.
9.5 милиони евра предвидени пари за оваа година за двата клинички центри, а распишуваат тендер за изградба на клинички центар во Скопје во висина од 500 милиони евра. Само 56 милиони евра ќе чини штипскиот клинички центар. Гледајќи го буџетот и во наредните 3 години, до 2021, според финансиската конструкција на Министерство за финансии, за изградба на двата клинички центри се предвидени само 21 милион евра. Додека, пак, само за клинички центар Скопје распишуваат тендер од 500 милиони евра“, порача Арсовски.
Тој додаде дека се работи за класичен грабеж и за тендер во кој министерот за здравство крие информации од јавноста.
„Внимавајте, излегува вчера на прес-конференција и се однесува како да е паднат од друга планета и не знае до кога ќе се исплаќа кредитот и која ќе биде каматната стапка“, рече Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ апелира сите што ќе бидат инволвирани во оваа, како што вели Арсовски, најкриминална тендерска постапка до сега, ќе одговараат кривично според Кривичен законик на Република Македонија за злоупотреба на службена дејност и за сума од половина милијарда евра, истите тие ќе лежат во затвор доколку одат по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче. Договорите со странските банки ќе бидат раскинати поради висока корупција, предупреди Арсовски.
„Антикорупциската повторно истакна дека не може премиер да биде и министер за финансии поради конфликт на интереси. Затоа, апелираме дека ниту заменичката Ширете Елези не смее да потпишува толкаво задолжување, ниту, пак, некој од Владата има таква надлежност“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека во наредниот период на политичко ниво ќе ги информираат сите релевантни организации и држави, како и сите меѓународни финансиски институции со однапред подготвена елаборација дека постојат сериозни индиции за корупција и нанесување намерна штета на државата од 500 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Превозниците вечерва ја прекинуваат блокадата на границите
Вечерва во 20:00 часот ќе биде прекинат протестот на граничните премини за тешки товарни возила, информира АМСМ.
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка. Појава на магла и намалена видливост на планинските премини: Плетвар до 50 метри, Пресека до 100 метри и Стража до 150 метри.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Муцунски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, разговараа за предизвиците на превозниците
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Фокусот на разговорот беше ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес, соопштија од Министерството.
„Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, се наведува во соопштението.
Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.
Македонија
Гаши на средба со австрискиот амбасадор
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија ги истакна пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодари за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.
Амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информираше претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави. Амбасадорот истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието.
Претседателот истакна дека ги поддржуваа проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција.

