Свет
Нова експлозија на северот на Русија при тестирање ракетен систем, има загинати
Две лица загинаа, а уште 15 се повредени, според првичните податоци, за време на експлозија на територијата на воената единица во регионот Архангелск, изјавија извори за „Спутник“.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека експлозијата и пожарот се случиле при тестирање на ракетниот систем на течно гориво во регионот Архангелск.
«Взрыв произошел в воинской части в 30 километрах от Северодвинска. Предварительно, двое погибших и 15 пострадавших»https://t.co/aiHjU0SmRD
— Коммерсантъ (@kommersant) August 8, 2019
Властите во регионот ја потврдија информацијата за инцидентот што се случи во воената единица во селото Ненокс, соопшти прес-службата на регионалниот гувернер.
Експлозијата се случи три дена по експлозијата во военото складиште во Краснојарск, исто така на северот, во која животот го загуби еден војник, а околу десет беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Националната гарда на Флорида се подготвува за најголемата спасувачка операција во историјата
Националната гарда на Флорида се подготвува за операции за пребарување и спасување откако ураганот Милтон ќе помине над државата, изјави денеска гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.
„Ова е најголемата мобилизација на Националната гарда на Флорида за операција за пребарување и спасување во историјата на државата Флорида“, додаде тој.
ДеСантис рече дека има околу 9.000 гардисти на теренот, од кои една третина доаѓаат надвор од државата. Дваесет и шест тимови за пребарување и спасување се подготвени, рече гувернерот.
„Тие во моментов се позиционирани на местата на потенцијален удар долж западниот брег за да започнат итни спасувачки операции веднаш штом ќе помине бурата“, рече ДеСантис.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.
Свет
Пилот починал за време на лет, авионот принудно слетал на аеродромот во Њујорк
Авионот на „Туркиш ерлајнс“ синоќа полетал од Сиетл во САД и принудно слетал во Њујорк поради смртта на пилотот која се случила за време на летот.
Пилотот пред смртта се обидел принудно да го приземји авионот кој летал за Истанбул, но трагедијата се случила пред да успеат да слетаат, пренесуваат медиумите во регионот.
„Пилотот на нашиот Ербас 350… летот ТК204 од Сиетл за Истанбул почина за време на летот“, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Веднаш му била укажана прва помош од персоналот, но и покрај тоа човекот ја загубил битката со животот, пишува Метро.
„По неуспешниот обид да се пружи прва помош, копилотот и копилотот решија да го преземат леталото и принудно да слетаат во Њујорк“, додаваат од авиокомпанијата.