Европа
Луксембург е прва европска држава која го легализира производството и купувањето на канабис
Луксембург ги повика своите соседи од Европска унија да ги олеснат законите поврзани со опојните дроги откако министерот за здравство Етиен Шнајдер ги потврди плановите дека сака да станат прва европска држава која ќе го легализира производството и користењето на канабис.
,,Овие политики кои во моментот се спроведуваат и постојат веќе 50 години, очигледно не функционираат. Со забраната на се само ги привлековме младите луѓе тоа да го конзумираат. Се надевам дека сите ќе имаме поотворен став кон дрогите”, рече Шнајдер.
Предвидено е полнолетните жители на Луксембург да можат да купуваат канабис за рекреативни цели за две години. Државата ќе го регулира производството и дистрибуцијата на канабис. Кон крајот на годината ќе биде претставен нацрт закон со повеќе детали за типовите канабис кои ќе се продаваат и начинот на оданочување. Со законот најверојатно ќе биде забрането странци да купуваат канабис во Луксембург со цел да се спречи нарко туризмот.
Предвидено е и малолетници на возраст од 12 до 17 години да не бидат криминализирани ако поседуваат пет или помалку грама канабис, додека за поседување на поголемо количество ќе бидат парично казнувани.Во Луксембург веќе е легализирана употребата на канабис во медицински цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Драма во просториите на Европскиот парламент: полициски рации поврзани со руско влијание
Полицијата ги испитува тврдењата дека пратениците на Европскиот парламент се платени за да ја промовираат руската пропаганда на веб-страницата на гласот на Европа.
Полицијата денес изврши рации во врска со „руското влијание“ во Европскиот парламент, се вели во соопштението на федералниот обвинител.
Пребарувањата, извршени во приватна резиденција во Брисел и во канцелариите на Европскиот парламент во Стразбур и Брисел, се поврзани со таканаречениот Русијагејт, каде што наводно на пратениците на Европскиот парламент им се пристапувало и наплатувало за промовирање на руската пропаганда преку веб-страницата на гласот на Европа.
„Постојат индикации дека дотичен службеник на Европскиот парламент одиграл значајна улога во ова“, соопштија белгиските органи за спроведување на законот.
Европа
Норвешка вели дека признавањето на Палестина е важен ден; Израел: Одлуката е награда за акциите на Хамас
Норвешка, една од трите европски земји што денеска официјално ја признаа Палестина, го поздрави „важниот ден“ и изрази жалење поради очигледниот недостиг на Израел од „конструктивен ангажман“.
„Повеќе од 30 години Норвешка е еден од најверните застапници на постоењето палестинска држава“, изјави шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.
„Денот кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава е важен ден за норвешко-палестинските односи“, додаде тој.
Како дел од иницијативата координирана со Шпанија и Ирска, оваа нордиска земја минатата среда објави дека во вторник ќе ја признае државата Палестина.
Оваа одлука го налути Израел, кој ја смета за „награда“ за акциите на палестинското исламистичко движење Хамас во екот на војната во Појасот Газа.
Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, веднаш најави консултации со израелските амбасадори во овие три земји и ги покани на разговор нивните амбасадори во Израел.
Европа
(Видео) Руски ветерани од Украина се степаа на улица, во тепачката учествувале и припадници на „Вагнер“, пренесуваат локалните медиуми
Руските власти поведоа кривична истрага за масовна улична тепачка и пукање во градот Чељабинск за време на викендот, во која наводно биле вклучени воени ветерани од Украина.
На видеото од тепачката објавено од локалните медиуми се гледа како група мажи со тап предмет тепаат маж што лежел со лицето надолу кон земјата. Некои од мажите носеле маски.
Неколку моменти подоцна група мажи облечени во црно пристигнале со два автомобила и почнале да пукаат кон првата група мажи, кои потоа побегнале од областа.
Russia: Wagner mercenaries got into a mass brawl with local bandits in Chelyabinsk and were winning. Then bandit reinforcements arrived and shot up the mercenaries.
These Wagnerites have now called up their Wagner brethren to come down on the city and destroy the bandits. 🍿 pic.twitter.com/UAbYM9kSQO— Igor Sushko (@igorsushko) May 26, 2024
Официјални лица изјавија дека сите инволвирани во конфронтацијата биле уапсени откога тепачката избувнала во саботата попладне. Не се знае колку лица се приведени. Неофицијални извори тврдат дека се уапсени тројца мажи, меѓу кои и едно малолетно лице.
Некои извештаи сугерираат дека уличната тепачка можеби избувнала поради љубовен триаголник, врска меѓу жена, војник и ветеран од платеничката група „Вагнер“.
Меѓутоа, според извештаите на локалните медиуми, тепачката избувнала кога борецот на „Вагнер“ и неговата девојка наводно биле нападнати од непозната група мажи.
Платеничката единица „Вагнер“ одигра клучна улога во руската инвазија на Украина пред нејзиниот краткотраен бунт и смртта на нејзиниот основач Евгениј Пригожин минатото лето.