Економија
„Еуроимпекс“ и алатите „Irimo” со голема промотивна акција во месец август
Доколку ви е потребен рачен алат што е синоним за квалитет, функционалност и доверливост веќе 89 години, посетете ги салоните на „Еуроимпекс“, како генерален увозник на “Irimo“ и бидете дел од прмотивната акција, само во месец август!
„Еуроимпекс“, со почетоците на 2001 година, станува ексклузивен увозник на брендот “Irimo“ за Република Македонија и веќе 18 години успешно ја раскажува приказната на брендот.
Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија. Широкиот асортиман на алатот на „Irimo“, меѓу другото вклучува и алати за поправка и одржување автомобили, што го издвојува како лидер во овој сегмент.
Едно е сигурно, професионалците ги бираат алатите на „Irimo“ бидејќи им веруваат!
Како дел од понудата можете да најдете: колички со фиоки за алати, работна маса, куфери, количка за транспорт, ранци за алати, одвртувачи, имбус-клучеви, клешти, сечици и многу други алати корисни за вашето секојдневно работење.
Целата понуда можете да ја погледнете на следниов линк.
Компанијата „Irimo“ е основана во 1930 година во Urretxu, Шпанија, со производство на оски за колички и лагери. Во 1995 Irimo е купен од глобалниот лидер во производство на рачен алат компанијата Snap-On Incorporated од САД со што се отвора нова страница во историјата на овој бренд.
Во 2005 година сопственикот Snap-On го најавува партнерството со обединување на неколку европски водечки брендови за производство на алат и основање на групацијата SNA Europe, каде и денес припаѓа „Irimo“.
Во 2014 година се преземени активности за ребрендирање на брендот „Irimo“ со ново лого и боја. Подоцна во производство се вклучуваат рачни алати за голем број апликации. На тој начин на производство еволуирале од шпански во европски бренд и ги адаптирале своите потреби за еден таков широк пазар.
Оваа еволуција и динамика продолжува сè до денес, овозможувајќи „Irimo“ да ја добие довербата на клиентите кој истовремено ги задоволува нивните потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.