Спорт
Не постои казна на УЕФА која ќе ги спречи да прават топ кореографии (видео)

Навивачите на полскиот фудбалски клуб, Легија од Варшава, популарните „Легионисти“ повторно покажаа зошто важат за едни од најкреативните навивачи во Европа.
На мечот на нивниот тим против грчки Атромитос во 3. коло од квалификациите за Лига Европа (мечот заврши 0-0) повторно направија спектакуларна кореографија.
Долго време тие се под санкција на УЕФА поради користење на пиротехника и правење кореографии кои не им се допаѓаат во Европската куќа на фудбалот, но тоа не ги спречува одново и одново да бидат доследни на својот стил.
Против Атромитос целата трибина беше обоена со знаменца со клупските би, додека во 3Д технологија беше направен навивач како вее знаме.
Паролата на „Легионисти“ беше – „Ништо друго не е важно“.
Погледнете:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем без петмина во финалето на Лига Европа

Тотенхем ќе биде значително ослабен во финалето на Лига Европа следната среда против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот на тимот, Ангелос Постекоглу.
Австралиецот на прес-конференција објави дека повредените Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин нема да конкурираат за натпреварот против „црвените ѓаволи“ во Билбао на 21 мај.
Финалето на Лига Европа е натпревар на годината за двата англиски гиганти, бидејќи победникот следната сезона ќе оди во Лигата на шампионите, додека поразениот финалист ќе остане без место во континенталните натпреварувања.
Натпреварот ќе се игра на 21 мај, со почеток во 21:00 часот, а Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека главен судија ќе биде Германецот Феликс Цвајер.
Спорт
Нема истрага против Сити и ПСЖ, Тебас не доставил доволно докази

Нема да има судска постапка против Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, по жалбата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека двата клуба го прекршиле Законот за конкуренција на Европската унија. Тебас ги пријави Манчестер Сити и Пари Сен Жермен во Европската комисија со тврдење дека користат пари од странски земји за финансирање.
Првиот човек на Ла Лига ги пријави Манчестер Сити и Пари Сен Жермен во Европската комисија уште во јуни 2023 година. Во своето тврдење, тој наведува дека два клуба користат пари од Абу Даби и Катар, дека на овој начин ги кршат законите, го нарушуваат пазарот и дека тоа им овозможува да трошат повеќе од другите клубови за доведување и плаќање на играчи и тренери, претставувајќи ги тие државни пари како спонзорство.
Двата клуба ги негираа овие тврдења и додадоа дека ова не е прв напад на Тебас врз нив и дека сè се базира на неговата завист и љубомора.
Сепак, речиси две години подоцна, јасно е дека нема да има формална истрага.
Комисијата има ограничени ресурси за спроведување истраги, а „Гардијан“, повикувајќи се на свои извори во Брисел, наведува дека Комисијата главно истражува случаи за кои верува дека можат да се развијат во случаи што ќе имаат импликации во повеќе области.
Исто така, се додава дека Тебас не презентирал доволно докази што би довеле до покренување официјална истрага, иако овој случај би се вклопил во она што го сака Брисел, случај што би имал импликации во неколку области.
Комисијата не објави ништо друго освен она што го објави во февруари, кога беше наведено дека можеби ќе ги истражи информациите што ги добила.
Спорт
Никола Јокиќ доминира во плејофот

Трикратниот МВП на сезоната во НБА лигата, Никола Јокиќ, избори со Денвер мајсторка против Оклахома, по која ќе биде познат противникот на Минесота во финалето на Западот.
Јокиќ со 29 поени, 14 скока и осум асистенции, го предводеше Денвер до победата 119:107 во шестиот натпревар од серијата.
Јокиќ игра неверојатно во плејофот, моментално е лидер во НБА во сите статистички категории.
По шестиот натпревар, тој го престигна Џејлен Бренсон (Њујорк Никс) и има 347 поени, додека Бренсон има 323 и натпревар помалку.
Јокиќ има 155 скока и е убедливо прв, додека соиграчот на Бренсон, Карл Ентони-Таунс, е втор со 124 скока, а има и 97 асистенции, поради што е прв, а зад него е Тајрис Халибартон од Индијана со 93 асистенции, кој веќе го заврши второто коло.
Центарот на Денвер е прв и по украдени топки (26), како и по бројот на постигнати поени од поле (117), постигнати кошеви за два поени (92) и шутеви за два поени (179).
Српскиот центар има и најмногу изгубени топки, дури 49, по него следуваат Џамал Мареј со 37 и неодамна елиминираниот Дрејмонд Грин со 36.
Nikola Jokic vs OKC:
29 PTS
14 REB
8 AST
2 STL
9-14 FGLeading the playoffs in PTS, REB, AST and STL. pic.twitter.com/dsWe2bOAN3
— StatMuse (@statmuse) May 16, 2025