Спорт
РК Вардар со победа над Борац стартуваше на турнирот во Требиње, Дибиров „експлодираше“

Европскиот и македонски ракометен шампион, тимот на Вардар со победа над Борац од Бања Лука од 34-30 го започна меѓународен турнир во Требиње, БиХ.
Скопските „црвено-црни“ по првиот дел направија 6 гола предност, па новиот тренер Писонеро во второто полувреме им даде шанса на сите ракометари.
Најпрецизен кај Вардарци беше Тимур Дибиров со 9 гола, Пелко постигна 4, по трипати прецизно биеја Скубе и Атман.
Вечерва на програмата е вториот меч на Вардарци на турнирот против домаќинот Леотар.
На крајот на август Вардар ќе патува во Саудиска Арабија на Супер Глоуб.
Фото: Слободен печат
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Балканкан
Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.
Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.
„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините.“
Заедно со неговата сопруга Јелена, тој ја посети Грција неколку пати, со семејни одмори на Крит и Миконос и направи поклонение на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.
Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и природата. Тој постојано нагласуваше дека бил трогнат од топлината на луѓето, рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и неговата поврзаност со монасите на Света Гора.
Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнирите, има одлична медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.“
Во заклучокот на текстот се наведува дека Ѓоковиќ е една од највлијателните личности во светот на спортот.
Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.