Спорт
Поранешниот НБА-талент Телфер осуден на три и пол години затвор
Поранешниот НБА-кошаркар Себастијан Телфер доби затворска казна од три и пол години за нелегално поседување оружје, откако неговото драматично обраќање пред судот во Бруклин не влијаеше на казната.
„Не ме одземајте од општеството сега. Имам 34 години, можам да одам да играм во Кина уште шест години и да се грижам за семејството“, изјави емотивно Телфер во судот.
Во 2017 година Телфер бил сопрен со својот автомобил за возење без вклучени светла, а во неговиот автомобил полицијата пронашла три пиштоли, полуавтоматска пушка и многу муниција. Телфер тврди дека оружјето било негово и легално, но лиценцирано на Флорида, а не во Њујорк. Тој можеше да добие до 15 години затвор за овој прекршок.
Телфер беше сметан за еден од најголемите таленти, откако се појави на насловната страница на „Спортс илустрејтед“ во 2004 година, кога имаше само 19 години. Тој играше за осум клуба во НБА – Портланд, Бостон, Минесота, Торонто, Лос Анџелес клиперс, Феникс, Кливленд и Оклахома сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Маурицио Сари ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?
Маурицио Сари наводно ќе биде нов селектор на српската фудбалска репрезентација, доколку таа функција ја напушти Драган Стојковиќ Пикси.
Италијанецот ќе биде првиот пик на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) за наследник на Пикси, пишува „Republika.rs“. Српските медиуми претходно објавија дека Пикси е се поблиску порано да го напушти кормилото на националниот тим и да прифати профитабилна понуда од Азија.
„Maxbet Sport“, тврди дека од Азија биле подготвени да платат обесштетување за Пикси, кој има договор со ФСС до 2026 година. Овој извор не наведува дали станува збор за клуб или репрезентација, но наведува дека новата соработка би можела да започе од почетокот на 2025 година.
Спорт
Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет
Алек Ѓорѓиевски кој е роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.
Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме забележан е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.
Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Палкис на повик од Драган Потич, 3×3 Aтлантик, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.
Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се Ворлд Тур и Челинџер.
Спорт
Македонија против Шведска утре игра на ЕП
Фото/ macedoniahandball.com.mk
Европското првенство во ракомет за жени почнува утре во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија утре од 20.30 часот во Дебрецен против репрезентацијата на Шведска ќе го одигра првиот натпревар во Групата А.
На овогодинешното Европско првенство, кое ќе трае до 15 декември, за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации.
Македонските ракометарки покрај Шведска во Групата А за противнички ги имаат домаќинот Унгарија и Турција. Овие две селекции, утре од 18 часот ќе го одиграат својот натпревар.
Во Дебрецен се игра и Б групата, во која се Црна Гора, Романија, Србија и Чешка. Во
групата Ц (Базел) ќе играат Франција, Шпанија, Полска и Португалија, а во групата Д (Базел) Данска, Швајцарија, Хрватска и Фарските Острови.
Во групата Е (Инсбрук) ќе бидат Норвешка, Австрија, Словенија и Словачка, додека во групата Ф (Инсбрук) ќе се натпреваруваат Холандија, Германија, Исланд и Украина. П
Пласман во втората фаза на ЕП ќе обезбедатт двете најдобро пласирани селекции од секоја група. Втората фаза на ЕП ќе се игра во Дебрецен и Виена.
Титулата на континенталниот шампионат ја брани селекцијата на Норвешка која пред две години во финалето на ЕП ја совлада Данска со 27:25.