Спорт
Мекгрегор удрил старец во паб навреден од тоа што тој одбил да го чести виски (видео)
Американскиот веб-сајт „ТМЗ“ објави видео-снимка на која се гледа како УФЦ мега-ѕвездата Конор Мекгрегор удира еден постар човек во еден бар во Даблин, Ирска.
Инцидентот наводно се случил во пабот „Марбл арч“ во Даблин на 6 април поради расправија околу виски, тврди „ТМЗ“. Проблемот почнал кога Мекгрегор сакал да ги почести сите во пабот, но човекот ја одбил неговата понуда, нешто што го навредило УФЦ фајтерот и тој се обидел да го удри.
Иако на снимката не се гледа точно инцидентот, очигледна е реакцијата на тие околу Мекгрегор, вклучувајќи ја и келнерката која ги става рацете на лицето.
Инцидентот бил пријавен во полицијата, но засега нема вести дека Мекгрегор бил обвинет за нешто.
Conor McGregor putting hands on a elderly man in whiskey dispute [via @TMZ] pic.twitter.com/1O8rtm325t
— threesixtytvboxing (@threesixtytvbxn) August 15, 2019
Video of #Conor #McGregor punching old man in the head during Whiskey dispute
To Share
Join ?#DOPEfightz on Facebook pic.twitter.com/cDntANjVbu— ??Giversaint ????? (@dopedweebz) August 15, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.
Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.
Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.
Tikves markiert in der 41. Minute das 1:0 per Freistoß https://t.co/nOamIuabKS pic.twitter.com/GoNMIrOQ4K
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.
#Tikves erhöht in der 59. Minute nach Eckball auf 2:0 https://t.co/ZgXE2lTKNk pic.twitter.com/pneNaK7TJI
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.
Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.
Спорт
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Спорт
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.
Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во клупскиот фудбал. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија.
На трибините ќе бидат сите од хигиеничарките до директорите.
На овој начин клубот сака да изрази благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија.
Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.
Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година кога токму на „Вембли“, загуби од Баерн (2:1).