Регион
Стабилна состојбата на затруените деца од јахтата на Хвар, последиците ќе се видат за неколку недели

Девојчето (11) и нејзиниот брат (5) кои беа отруени од јаглерод моноксид на јахта на Хвар се подобри, нивната состојба е стабилна, но тие и понатаму се животозагрозени. Д-р Тања Ковачевиќ од Клиниката за детски болести на Клиничкиот болнички центар Сплит го изјави ова во петокот наутро, додавајќи дека децата сè уште се приклучени на респиратор. Кои ќе бидат последиците од ваквото тешко труење, вели д-р Ковачевиќ, е невозможно да се процени во овој момент.
„Јаглерод моноксидот влегува во крвотокот и на тој начин ги зафаќа сите органи во организмот. Значи, целиот организмот е зафатен од труење и откако веќе нема да бидат во животна опасност, може да потрае неколку недели пред да можеме со сигурност да кажеме колку и какви ќе бидат последиците од оваа сериозна состојба“, рече д-р Ковачевиќ.
Лекарите рекоа дека состојбата на мајката на децата е подобра, додека мажот (64) и жената (56) се пуштени на домашна нега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.