Контакт

Вести

Москва: Кусогледите санкции ќе ги влошат односите со САД, срамно е за ЕУ да зборува со јазикот на Вашингтон

Објавено пред

Москва во средата оцени дека американските санкции против неа се „деструктивни и кусогледи“, и само дополнително ќе ги влошат односите меѓу двете земји кои поради украинската криза на најниска точка од времето на Студената војна, а исто така е разочарана од несамостојноста на ЕУ во меѓународните односи, оценувајќи дека е „срамно за Европската унија која зборува со јазикот на Вашингтон“.
 

dobivaj vesti na viber

Москва во средата оцени дека американските санкции против неа се „деструктивни и кусогледи“, и само дополнително ќе ги влошат односите меѓу двете земји кои поради украинската криза на најниска точка од времето на Студената војна, а исто така е разочарана од несамостојноста на ЕУ во меѓународните односи, оценувајќи дека е „срамно за Европската унија која зборува со јазикот на Вашингтон“.

 

„Овие мерки на Вашингтон не можат да донесат ништо освен натамошно влошување на руско-американските односи и да создадат неповолна атмосфера во меѓународните односи во кои односите меѓу нашите земји често играат клучна улога. Вистинските штети поради деструктивната и кусогледа политика ќе бидат многу конкретни за Вашингтон“, се вели во изјавата на руското министерство за надворешни работи. Во својата прва реакција на најавата за новиот круг американски санкции коишто во вторникот навечер ги најави американскиот претседател Барак Обама.

САД во вторникот воведе нов круг санкции против руски банки, енергетски и воени компании, што се оценува како досега најсериозен чекор на Западот против Русија којашто ја обвинува дека им дава поддршка на бунтовниците во источна Украина кои не ги признаваат новите власти во Киев кои дојдоа на власт откако со поддршка на западните земји го соборија претседателот Виктор Јанукович, а ја обвинува Русија и за вмешаноста во падот на малезискиот патнички авион во областите коишто ги контролираат проруските бунтовници.

Американскиот претседател изјави дека санкциите ќе имаат „поголемо влијание врз руската економија отколку досега“, а се донесени з ада ја присилат Москва „да престане да ги поддржува проруските бунтовници“. САД ќе ги сопрат извозните кредити за Русија за да го отежнат финансирањето на нејзиниот економски развој, а ќе го блокираат и извозот на технологии за рускито енергетски екстро. Новите американски санкции го прошируваат и листата на руски банки под санкции на речиси сите најголеми банки во кои руската држава има удел над 50 отсто, освен „Сбербанк“. Целени се банките ВТБ, „Московска банка“ и „Руска земјоделска банка“, како и Руската обединета бродаградежна корпорација.

Руската дипломатија овие санкции ги осуди како „нелегитимно антируски“ потег на САД. Додека, пак, за санкциите што синхронизирано со Вашингтон ги објави Брисел, Москва објави дека е разочарана од неспособноста на Европската унија да игра самостојна ролја во светските односи, и оти е срамно за ЕУ која „зборува со гласот на Вашингтон“.

Комитетот на постојаните амбасадори на земјите членки на ЕУ (Coreper) во вторникот објави дека постигнал согласност за воведување економски санкции против Русија,со коишто долго време се закануваа европските челници но не можеа да постигнат внатрешен консензус при носењето на оваа одлука. Веќе од петок за руските банки во доминантна сопственост ќе биде ограничено финансирањето од европските инвестициски институции, на производителите од ЕУ им се забранува испорака на опрема за енергетскиот сектор , а на сила ќе стапи и ембаргото за увоз и извоз на воена опрема и технологија за двојна намена од ЕУ во Русија.

„Срамно е за Европската унија, којашто по долго трагање по својот ’единствен глас’, прозбори со јазикот на Вашингтон, практично напуштајќи ги основните европски вредности, вклучително и пресумпцијата на невиност“, се наведува во одделната реакција на руската дипломатија на одлуката на Унијата првпат да воведе економски секторски насочени санкции против Русија.

Од руското министерство за надворешни работи, исто така, истакнуваат дека „политиката на ЕУ во моментов не се заснова на проверени факти, туку е пишувана по диктат на Вашингтон во прв ред меѓу сомнителните видеа на YouTube“. „Во Москва се разочарани до неспособноста на ЕУ да има самостојна улога во светските односи“, заклучува руската страна./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија13 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија15 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија17 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија18 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија18 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија20 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија2 дена

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет2 дена

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет2 дена

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет2 дена

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...