Македонија
( Видео) Костадинов: Мицкоски да каже дали се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија?
Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн“, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови…Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери.
Ако Мицкоски се фали кога се гледа со Орбан, редно е да се пофали и за средбите со останатите со кои се гледа. Зошто не ги кажува? Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.
Особено откако лично призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец кој патем се појавува и во објавените снимки.
ВМРО-ДПМНЕ не излегува од филмовите на конфликт. Кога велат ќе блокираат институции дали мислат на блокирање како на 27-ми април?
Агендата Христијан Мицкоски останува иста: одбрана на криминалот на режимот, обид да се загрози правдата и тајкуните на режимот да се претстават како жртви, обид да се блокира земјата, да се спречи напредокот кон НАТО и ЕУ.
Мицкоски нема да успее. Напредкот ќе продолжи, застанување нема. Одговорност од прв до последен за сите што ги прекршиле законите мора да има, вклучително и за тајкнуите на режимот“ порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, извести Центарот за управување со кризи.
Во битолскиот регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Во Преспански регион има Излевање на реки во село Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи, а постои опасност од излевање на Голема Река.
Регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.
Во Скопскиот регион зголемено е нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита, информира ЦУК.
Во Велешкиот регион има одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.
Во Охридски регион, значително покачени се водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Во Кумановскиот регион нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај село Коинце.
Во Кратовски регион има зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.
Во Тетовскиот регион нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.
Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.
Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26).
Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.
Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.
„Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112“, соопштуваат од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.

