Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали Костадинов лаже за „Рекет“ поради содржината на еден од телефоните на осомничените?
СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет“, наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот. Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа. Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените?
Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов? Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина? Дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?
Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените? За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“.
Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста? Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам?“ истакна Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

