Црна хроника
Пријава за малолетнички од Охрид – злоупотребиле фотографии на три девојчиња на Инстаграм
Поради казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години од Охрид. Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Осуден за трговија со дрога фатен и спроведен во затвор
Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Топ
Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени
Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила.
Неофицијално, неколку лица се пожалиле на повреди, но официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Во делчевско Вирче најдена граната
Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор.
Во пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, информираат од полиција.
Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.