Свет
(Видео) Едногодишно момче загина на паркинг, за трагедијата обвинета мајка му
Жизел Васкез, 18-годишна мајка од Тексас, е обвинета за загрозување дете кога надзорните камери на еден паркинг го регистрирале моментот кога таа се оддалечила од својот 18-месечен син, кој само неколку секунди подоцна бил прегазен од автомобил, пишува „Дејли мејл“.
Мајката е обвинета за сериозно кривично дело – загрозување на безбедноста на децата по смртта на нејзиниот син Алан Виледа, кој бил удрен од автомобил што излегувал од паркингот по што загинал.
На снимката се гледа Васкез како минува низ паркингот со двомесечната ќерка во рацете. Во исто време нејзиниот син е на другиот крај на паркингот и го следи својот тригодишен братучед.
Мајката подоцна забележала дека синот не е покрај неа и по две минути, се вратила на местото на несреќата, а жената зад воланот на автомобилот, кој го усмртил момчето, воопшто не била свесна дека го прегазила детето, па го напуштила местото на инцидентот.
Кога се вратила на местото на настанот, таа поминала на тестот за дрога и алкохол.
Васкез изјавила дека не знаела оти децата останале зад неа и верувала дека во моментот на несреќата тие биле со сестра ѝ.
Полицијата сè уште го истражува инцидентот, а засега не е поведено обвинение против лицето што управувало со возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Свет
Професорите на Универзитетот во Амстердам протестираа во знак на солидарност со студентите
Наставниот кадар на Универзитетот во Амстердам одржа протест во знак на солидарност со студентите, чии демонстрации против војната во Газа претходно беа насилно расчистени од полициските сили.
Полицијата со булдожер ги урна барикадите и уапси околу 140 демонстранти, а постојано има судири меѓу безбедносните сили и студенти, пренесува Ројтерс.
„Учениците и вработените пријавиле употреба на полициски палки и кучиња, како и булдожери во обид на полицијата насилно да ги отстрани. Поради прекумерната употреба на насилство, луѓето се повредени“, велат од групата Холандски научници за Палестина.