Контакт

Вести

Петмина убиени во самоубиствен напад во Пакистан

Објавено пред

Најмалку пет лица се убиени и 25 се ранети во саботата во самоубиствен бомбашки напад во шиитска населба во пакистанската покраина Балучистан, соопшти тамошната полиција.

dobivaj vesti na viber

Атентатот е изведен кон крајот на денот во Квета, која е прататковина на шиитската заедница Хазари „Го потврдуваме загинувањето на пет лица, меѓу кои едно дете и една жена во самоубиствен напад, Околу 25 лица, меѓу кои седум деца и три жени се ранети“, изјавил за AFP началникот на локалната полиција. Според агенцијата, во моментот на експлозијата на пазарот имало многу луѓе кои купувале за празникот Курбан бајрам (Еид ал-Адха кај шиитите). Припадниците на малцинската шиитска заедница Хазара се често цел на нападите на сунитските екстремисти, и нив често на верски празници и заштитуваат припадниците на безбедносните сили. Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад.Богатата пакистанска покраина Балучистан е сцена на секташко насилство против шиитите кои покрај историската нетрпеливост од страна на сунитите кои ги сметаат за неверници, од 2004 година ги обвинуваат и за сепаратизам. Претходно во саботата беше извршен и терористички напад на автобуска станица во градот Кохат во северозападен Пакистан, во кој според последните податоци загинале шест луѓе а 17 се ранети. Експлозијата се случила додека на автобуската станица имало многу луѓе припадници на шиитското малцинство кои сакале да патуваат во другите делови поради празнувањето на муслиманскиот празник Курбан бајрам.И за овој напад одговорноста не ја презема ниедна од познатите терористички групи. Во Кохат и претходно се случуваа меѓусекташки судири за кои одговорноста ја преземаа радикалните сунитски групации. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над...

Регион54 минути

(Видео) Пукање во Србија: еден убиен, има ранети, напаѓачот е во бегство

Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија4 часа

СВР Тетово: Во Маврово е воведен кружен тек, но поради непочитување на правилата во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми. Согласно...

Свет4 часа

(Видео) Трудо поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Но, тој ќе остане...

Македонија6 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Голема е мојата чест, што заедно со Мицкоски сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!...

Скопје8 часа

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент...

Скопје9 часа

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање....

Македонија9 часа

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска,...

Топ10 часа

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за...

Македонија13 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и...

Македонија14 часа

Денеска е Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божиќ

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Овој празник ја...

Македонија14 часа

„Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска“, велат од партијата Левица

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во...

Европа14 часа

Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што...

Регион14 часа

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во...

Македонија15 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата...

Македонија1 ден

Граѓани со часови останаа заглавени во колони, премрзнаа враќајќи се од Маврово, дел се со деца

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот...

Топ1 ден

Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“

Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето...