Македонија
Пендаровски подготвен за соработка со „Конрад Аденауер“
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, оствари средба со Јоханес Реи, раководител на претставништвото на Фондацијата „Конрад Аденауер“ за Северна Македонија и за Косово.
На средбата се разговараше за тековните активности на Фондацијата, која в година ќе одбележи 20 години од работењето во Северна Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека од големо значење е поддршката што Фондацијата ѝ ја дава на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската Унија преку реализација на многубројни проекти.
Пендаровски изрази подготвеност за соработка со Фондацијата во областа на политичкото образование, во духот на демократските вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.
На денешната средба претседателот Пендаровски изрази очекување дека Фондацијата „Конрад Аденауер“ и во иднина ќе продолжи да дава свој придонес во функција на развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

