Свет
Уапсен најбараниот австралиски бегалец осомничен за убиство на својoт брат
Полицијата го обвини Џонатан Дик (41), бегалец осомничен дека го убил својот брат со меч во трговскиот центар во Мелбурн пред повеќе од две години, јави Еј-би-си њуз.
Минатата година полицијата објави награда од 100.000 американски долари за информации што може да доведат до апсење на Џонатан Дик. Полицијата го наведе Џонатан како еден од 10-те најбарани бегалци во земјата.
И покрај повремените дојави, Џонатан Дик успеа да ја избегне полицијата повеќе од две години до денес кога конечно беше уапсен.
Џонатан Дик беше уапсен денес во драматична операција во центарот на градот во близина на популарната туристичка дестинација Хосиер Лејн по тепачката во која учествувале три лица. Меѓу уапсените бил и осомничениот бегалец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here's a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион кој, очигледно, бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.
Свет
Гутереш го назначи Том Флечер за нов шеф на хуманитарната помош на ОН
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош.
Флечер, кој моментално е директор на колеџот Хертфорд во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП.
Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, кој го објави назначувањето, рече дека вршителот на должноста шеф на хуманитарната помош, Џојс Мсуја, ќе остане на функцијата додека Флечер не ја преземе функцијата.
Свет
Путин го разреши Анатоли Антонов од функцијата руски амбасадор во САД
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го разреши досегашниот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, од таа позиција, како и од позицијата постојан набљудувач на Руската Федерација во Организацијата на американските држави.
Како што пренесе Интерфакс, претседателскиот декрет од 10 октомври е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
Руското Министерство за надворешни работи минатата сабота соопшти дека Антонов ја завршил службата во Вашингтон. Дипломатот беше назначен за руски амбасадор во САД во август 2017 година.