Македонија
(Видео) Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска
Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески, кој е поранешен јавен обвинител, таа не одговараше на новинарски прашања, ниту сакаше да коментира за случајот „Рекет“.
„Што се однесува до мојата изјава денес, се надевам дека ќе ѝ помогнам на истрагата“, рече Јанева по што влезе на распит.
Таа во својата изјава рече; „Јас сум сè уште специјален јавен обвинител“ посочувајќи дека нејзините обвинители имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите на суд.
Јанева се надева дека есенва ќе има неколку разрешници од случаите што ги води СЈО.
Специјалната јавна обвинителка доцнеше на распитот кај Русковска.
Распитот на Јанева доаѓа еден месец по отворањето на истрагата за „Рекет“, каде што засега осомничени се само Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Според Обвинителството, двајцата се сомничат дека изнудувале рекет од бизнисменот Орце Камчев, а за возврат тој требало да биде ослободен од истрагата за случајот „Империја“. Уште по отворањето на истрагата, обвинителката Русковска рече дека постои можност таа да се проширува.
Досега сведочеа обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, и обвинителката Елизабета Јосифовска, која како заменик на Јанева потпишала решение за отфрлање на притворот за Орце Камчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

