Свет
Путин: САД најверојатно ќе распоредат ракети во Романија и Полска, Русија мора да одговори на тоа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД се во позиција да распоредат нови крстосувачки ракети на копно во Романија и Полска. Русија тоа го смета за закана на која ќе мора да одговори, порача Путин.
Пентагон во понеделникот соопшти дека тестирал конвенционална крстосувачка ракета, испалена од копно, која ја погодила својата цел на повеќе од 500 километри лет, што е прв таков тест помеѓу двете земји од крајот на нуклеарниот пакт овој месец.
Путин за време на посетата на Хелсинки рекол дека Вашингтон потенцијално би можел да ги користи своите системи во Романија и Полска да испалуваат проектили и дека Русија на тоа ќе мора да реагира на реципрочен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денес објави дека разговарала со рускиот претседател Владимир Путин за репатријација на децата зафатени во војната во Украина и дека некои од нив се вратени кај нивните семејства и дека наскоро ќе има уште.
„Работиме на тоа“, изјави Меланија Трамп во соопштение од Белата куќа.
Таа додаде дека Путин одговорил на нејзиното писмо и дека тие имаат отворен канал за комуникација.
Сопругата на претседателот Доналд Трамп го истакнала тешкиот живот на децата во Украина и Русија во лично писмо до Путин, соопштија претставници на Белата куќа.
Трамп лично му го предал писмото на Путин за време на разговорите на самитот во Алјаска во август, соопштија претставници на САД.
Меланија Трамп, родена во Словенија, не му се придружи на својот сопруг на патувањето.
Москва тврди дека „ги штити ранливите деца од војна“
Украина го нарече киднапирањето на десетици илјади деца однесени во Русија или на окупирана територија без согласност на нивните семејства или старатели воено злосторство кое ги исполнува дефиницијата за геноцид според договорот на ОН.
Москва претходно тврдеше дека ги штити ранливите деца од воените зони.
Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права откако започнала инвазијата на Украина во 2022 година.
фото: принтскрин
Свет
Трамп: Ви благодарам, претседателе Путин

Американскиот претседател денес на својот профил на социјалната мрежа Truth Social се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, кој им се придружи на светските лидери во изразувањето поддршка за мировниот план на Доналд Трамп за Газа.
„Ви благодарам, претседателе Путин“, напиша Трамп на Truth Social.
Путин, како потсетување, денес изјави дека Трамп „прави многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир.
Доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“, рече Путин.
фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху го критикуваше Нобеловиот комитет оти не му ја додели наградата на Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше на одлуката на Комитетот за Нобелова награда да не му ја додели овогодишната награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Наградата наместо тоа ѝ припадна на лидерката на венецуелската опозиција и застапничка за демократија, Марија Корина Мачадо.
„Нобеловиот комитет зборува за мир, претседателот Доналд Трамп го овозможува тоа“, се вели на официјалниот профил на израелскиот премиер на платформата Икс.
„Фактите зборуваат сами за себе, претседателот Трамп го заслужува тоа“, се додава во објавата.
Give @realDonaldTrump the Nobel Peace Prize – he deserves it! 🏅 pic.twitter.com/Hbuc7kmPt1
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 9, 2025
Реакцијата доаѓа еден ден откако истиот профил сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на социјалните мрежи на која Нетанјаху му ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп.
фото: принтскрин