Црна хроника
Зајакнати контроли на МВР – казнети 49 моторџии во Скопје
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.8.2019 во периодот од 18 до 24 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.
Откриени се и 20 други прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.